Убава вест од училиште во Хрватска: Дури осум вработени жени се бремени во исто време
Основното училиште „Петар Прерадовиќ“ во Питомача сподели среќна и интересна вест. Имено, дури осум вработени се бремени во исто време.
Некои од нив се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете, а некои веќе го почувствувале шармот на мајчинството.
„Хелена Ивандија, Инес Топиќ, Хелена Бакан Кегл, Кристина Пртењача, Ана Илениќ Вамповац, Нивес Тишљар, Ведрана Филиповиќ Мариниќ и Инес Фережа ќе се обидат за една од најпредизвикувачките и најубавите улоги во животот во наредните месеци“, велат од училиштето.
Тие им честитаа и им посакаа многу среќа. Како што пренесуваат хрватските портали, станува збор за една учителка, шест наставнички и готвачка.