Уапсени пет лица за киднапирањето на кучињата на Леди Гага


САД- Полицискиот оддел во Лос Анџелес уапси пет лица во врска со пукањето на шетачот на кучиња на Лејди Гага и последователната кражба на нејзините миленици. Едно од приведените лица е и жената која на крајот ги врати двата француски булдога во надеж дека ќе собере награда од 500 000 американски долари.

„Ова беше дрско улично злосторство што остави сериозно рането лице“, рече во четвртокот Окружниот правобранител Џорџ Гаскон. „Та се многу сериозни обвиненија во овој случај и веруваме дека правдата ќе биде соодветно задоволена додека овој случај ќе се одвива на суд“.

Рајан Фишер беше застрелан во градите додека ги шеташе трите кучиња на Гага на 24 февруари. Едното  куче избега а Фишер, беше пренесен во болница со сериозни повреди. Му беше отстрането едно белодробно крило. За време на киднапирањето поп-ѕвездата снимаше филм за Гуќи во Италија.