Три лица убиени со стрели пронајдени во хотел во Германија


Германската полиција соопшти дека ги испитува причините за смртта на три лица кои биле пронајдени со убодни рани од самострел во една хотелска соба во Германија.

Полицијата пронајде три безживотни тела кои се германски државјани, маж стар 53 и две жени на возраст од 33 и 30 години, објави АП.

Агенцијата вели дека во овој момент не е јасно во каква врска се жртвите ниту што точно се случило во хотелската соба.