Трет, уште посилен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во близина на брегот на Нов Зеланд, соопшти Американската служба за геолошки истражувања.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.
Веднаш по потресот е издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел од населението.
+ 🔴 Sirens start to sound in New Zealand coasts warning the tsunami alert issued after more than 8 magnitude earthquake in the area few minutes agopic.twitter.com/ARs6ZHOD9g
— 🔶 alerta 🔶 (@igandean) March 4, 2021
Предупредување за опасност од цунами е издадено и за Хаваите, поради земјотресот во нов Зеланд. Од населението се бара да се евакуираат на повисоки места, но со велосипеди или пешки, за да не се створи метеж во сообраќајот.
Претходно, во текот на денешниот ден на Нов Зеланд се регистрирани два силни земјотреса со интензитет од 7,3 и 7,5 степени.