Трамп сoбра речиси 25 милиони долари за 24 часа изборна кампања
Американскиот претседател Доналд Трамп собра 24,8 милиони долари за помалку од 24 часа, откако го објави почетокот на кампањата за реизбор.
Информацијата за големата сума ја соопшти на Твитер претседателката на Републиканската партија Рона МекДаниел. За споредба, сумата е многу поголема од парите кои сите главни претенденти за претседателските избори во 2020 година од Демократската партија ги собрале за првите три месеци од годинава.
Трамп веќе објави дека кон крајот на март располагал со 48,7 милиони долари готовина во неговиот предизборен фонд, распределени меѓу три комитети поврзани со неговата кампања.
Националниот комитет на неговата Републиканска партија собрал 34,7 милиони долари во за истиот период.
Националниот комитет на Демократската партија располагал само со 7,5 милиони долари.