Трамп се обидел да најде замена за Зеленски, Залужни „ги откачил“


Волдодимир Зеленски и Валериј Залужни

Валери Залужни, амбасадор во Велика Британија и поранешен врховен командант на Украина, одбил телефонски повик од потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, по неговата озлогласена пресметка во Овалната соба во февруари со претседателот Володимир Зеленски, објави Гардијан , повикувајќи се на неименувани извори.

Според изворите на „Гардијан“, тимот на Венс се обидел „преку разни дипломатски и други канали“ да го контактира амбасадорот во обид да пронајде можни замени за Зеленски.Залужни е популарен и кај војската и кај пошироката популација поради неговата улога во водењето на отпорот против Русија. Сепак, тој никогаш официјално ненАјавил дека сака да се кандидира за функција, и покрај тоа што навестил интерес.

Венс наводно се обидел да го повика Залужни на почетокот на март, само три дена по жестоката размена на 28 февруари, но Залужни одбил да се јави на повикот по консултацијата со шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак. Извор близок до Залужни му рекол на „Гардијан“ дека неговото одбивање е „принципиелен став“ и знак на единство, што го одразува чувството на Украина дека била „понижена“.

Според неодамнешното истражување на групата „Рејтинг“, Залужни би се пласирал на второто место по Зеленски во претседателската трка со 25% поддршка, додека неговата потенцијална политичка партија би била прва на парламентарните избори со 22%.

Минатата недела, Оксана Тороп, која претходно работеше како новинарка во украинскиот сервис на Би-Би-Си, ги негираше извештаите дека поранешниот висок генерал подготвува тим за претседателска кампања во Лондон.

„Валериј Залужни го искажа својот став повеќе од еднаш и, колку што знам, тој не се променил: додека војната продолжува, треба да работиме на зачувување на земјата, а не да размислуваме за избори“, изјави таа. Во сличен потег, луѓе блиски до Трамп наводно се сретнале и со поранешниот претседател, де факто лидерот на украинската опозиција, Петро Порошенко, и поранешната премиерка Јулија Тимошенко по судирот во Овалната соба.