Трамп: Хоман ќе биде задолжен за границите на САД
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека поранешниот вршител на должност директор на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ), Томас Хоман ќе биде задолжен за границите во новата американска администрација.
Трамп на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social) објави дека Хоман во новата администрација ќе биде задолжен за границите на САД, за поморската и воздушна безбедност, како и за депортација на илегалните имигранти.
Хоман 1,5 година беше дел од администрацијата на Трамп за време на претходниот претседателски мандат. Тој исто така е кандидат и за секретар за внатрешна безбедност.