Трамп го пофали Орбан како голем „лидер на Турција“


Претседателот Доналд Трамп ги збуни лидерите на Турција и Унгарија во предизборниот говор во понеделникот во Њу Хемпшир.

„Има човек, Виктор Орбан, дали некој некогаш слушнал за него?- рече Трамп, мислејќи на унгарскиот премиер.„Тој е веројатно еден од најсилните лидери насекаде во светот. Тој е лидер на Турција“, рече поранешниот претседател. Претседател на Турција е Реџеп Таип Ердоган.

Трамп додаде дека Орбан има „фронт“ со Русија. Ниту Турција, ниту Унгарија немаат граница со Русија.

Трамп претходно го пофали Орбан, кој се противи на миграцијата и правата на ЛГБТК, а неговиот стил на владеење го нарекува „нелиберална демократија“. Трамп го угости во Белата куќа во 2019 година. За возврат, Орбан беше првиот европски лидер кој ја поддржа претседателската кампања на Трамп во 2016 година и го повика да „продолжи да се бори“ откако поранешниот претседател беше соочен со кривично обвинение.

„Вратете се, господине претседателе. Направете ја Америка повторно голема и донесете ни мир“, рече Орбан на состанокот во САД.