Телохранителка на мртва стража

Во ситуација кога народот во Србија умира од ковид, премиерката Ана Брнабиќ ја пласира заборавената приказна дека наводно имало план Александар Вучиќ да биде убиен во јануари оваа година. Без ниеден факт и без наратив


Ана Брнабиќ во последно време се размавнува по сите прашања, зазема место на командирка за прашањата на Ковид-19. Знаеме дека таа ништо не кажува и не работи од своја глава, бидејќи има квалификуван и супериорен суфлер, а нему не му одговара пред избори да се истопори со мерки против заразата, без разлика дали се глупави или безначајни, како пропусниците за одење во кафеана после 22 часот. Оваа бламантна мерка е веќе искасапена од експертите, но и од јавноста, која ја гледа онесреќената Србија на прво место во Европа по инфекции и смртност. Кризниот штаб ја сврте грижата кон молк, бидејќи тој навистина не постои долго време, ако некогаш постоел; како што беше криво поставен, така неславно и умре, оставајќи лош спомен по прикривањето на бројот на починати и бесрамното гребење на „кризните лекари“.

Во ситуација кога народот умира, Ана Брнабиќ, без никаква емпатија за толку смртни случаи, одеднаш страшно се загрижи за животот на претседателот на државата кој нема ковид, но е во опасност да биде убиен. Знаеме дека вакви приказни кружеа и порано, иако никогаш не се докажани (впрочем, некои од нив се покажаа и измислени, на пример онаа за оружјето во Јајинци, во близина на неговата куќа). Поради некоја причина, приказните дека на претседателот му се заканувале атентат не престанаа, па стана јасно дека доаѓаат од самиот претседател Вучиќ. Пишував како тој плачливо предвидува дека ќе заврши покрај некој плот, бидејќи знае дека таква судбина ги чека сите српски модернизатори. Тоа е оригиналната слика за себе што сакаше да ја наметне. Тој ги измисли овие наративи со перверзна и транспарентна намера јавноста да го идентификува со Зоран Ѓинѓиќ како модернизатор на Србија. Нему му одговараше да се претстави така, пред сѐ на надворешниот свет. Подоцна, приказните за неговата ликвидација беа скривалишта за разни корумпирани свињарии и претворање на државата во негова мафија, исто како што тоа го прави сега Брнабиќ кога Вучиќ пред изборите ја трампа смртта на граѓаните за свои лични и економски интереси, за кои пишуваше Владимир Глигоров.

Последен пат опширно беше проверено обезбедувањето на претседателот за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања во јануари годинава. Иако оттогаш помина многу време, Ана Брнабиќ се врати на тој настан, кога наводно бил планиран атентат на претседателот за време на церемонијата на откривање на споменикот. Повторно беше потребна таа приказна. Среде драматичното умирање од Ковида-19,  што не се спречува поради предизборните интереси на претседателот Вучиќ, а потоа и планирањето на поголемо затегнување (што се виде во предлог-законот за полиција кој беше повлечен и предлог-законот за ограничување и казнување на слободата на мислење), кога станува сѐ појасно дека Јованица е негов државен бизнис – Ана Брнабиќ ја започна приказната за загрозеноста на претседателот. Оваа наводна опасност по неговиот живот таа ја откри во утринската седенка во телевизијата Пинк. Од некаде, тогашниот план за ликвидација наводно сѐ уште важи, иако во реалноста никогаш не постоел. Да видиме како таа ја раскажа приказната: „Целиот наратив беше вака. Мислам дека сакаа да го убијат (кои, не се кажува) пред, за време и по отворањето на споменикот на Стефан Немања, но денес ми се чини дека тој наратив е разбиен. Ќе ја продолжиме истрагата и нема да има заштитени луѓе“. Лесно е да се види дека нема факти, дека постои само мистериозен наратив, за кој не се знае чиј или кој го рзбил. Постои само нејзиниот наратив за измислениот наратив. Нема никакви факти. А што се случи со планерите на убиството? Ниту збор за тоа, освен што ни кажа дека нема да има заштитени. Бидејќи нејзиниот наратив е нелогичен и глупав, таа едноставно ја вметна вообичаената фраза на корумпирана банда во државниот врв, која секогаш повторува дека „нема да има заштитени“.

Поентата доаѓа кога Брнабиќ вели дека сега е „истиот наратив како што беше пред атентатот на Зоран Ѓинѓиќ“. Не се кажува каква е сличноста. Не се кажува затоа што нема сличности. Всушност, воопшто не се работи за атентат на Вучиќ, туку на Ѓинѓиќ. Тоа е последната пресметка со него, со идејата за просветлување и идејата за европска Србија. Поранешниот шеф на Вучиќ, Воислав Шешељ, долго време зборува дека Ѓинѓиќ требало да биде убиен. И Вучиќ се напи од среќа кога беше убиен Ѓинѓиќ. За да се погреба Ѓинѓиќ и еднаш засекогаш да ја укине и закопа европска Србија и нејзините сегашни заговорници, кои колку и да се ослабени, сепак постојат, Вучиќ реши тоа да го направи брутално видливо и целосно јасно. Пораката е испратена. Организираше и добро го плати за тнр. Капетан Драган, осуден воен злосторник кој ја отслужуваше казната во Хрватска, кому му беше ставен на располагање на фашистичкиот олош кој во Србија го има како плева, со цел да постави штанд на улицата „Кнез Михајлова“ за да потпишува петиција за ослободување на херојот Звездан Јовановиќ, убиецот на Зоран Ѓинѓиќ. А тој е херој затоа што го уби Зоран Ѓинѓиќ.

Дотаму стигнавме со калливите куфери на Вучиќ и „големиот везир“ Ана Брнабиќ, под долгата сенка на смртта. Viva la muerte!

(Весна Пешиќ е познат српски социолог, политичар и борец за човекови права. Текстот е објавен во „Пешчаник“)