„Најцрната црна“ изложба на Мице Јанкуловски во Њујорк


  Синоќа во галеријата Артифакт (Artifact Art Gallery) во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики  „Најцрната црна“ на Мицко Мице Јанкуловски. На изложбата беа претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбон, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски …

„Најцрната црна“ изложба на Мице Јанкуловски во Њујорк Read More »

Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје


  Во Музеј на Град Скопје денеска ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). – Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, …

Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје Read More »

Изложба на Мирослав Масин


Самостојната изложба на Мирослав Масин денеска ќе биде отворена во Галеријата „Ел Греко“. Мирослав Масин уметничката кариера ја почнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков. За нив, иако различни во пристапот, тој вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. …

Изложба на Мирослав Масин Read More »

Изложба „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени”


  Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ денеска ќе биде поставена изложбата „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени”. По повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, фондацијата World Press Photo и Кралството Холандија претставуваат избор на приказни, наградени на конкурсите на World Press Photo од 2000 до 2021 година, кои ја истакнуваат …

Изложба „Отпорност – Приказни за жени кои инспирираат промени” Read More »

Отворање на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“


  По повод Денот на сеќавањето на Гладоморот – 26 Ноември, денеска во Кристалната сала во Собранието, ќе биде отворана изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“. На отворањето на изложбата ќе присуствуваат претседателот на Собранието Талат Џафери и украинската амбасадорка Лариса Дир. Гладомор е термин со кој се означува масовниот глад во советска Украина во …

Отворање на изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“ Read More »

Изложба на студенти на ФЛУ во Куќата-музеј на Личеноски по повод третиот роденден на Европската куќа


  Во рамки на одбележување на третата годишнина од своето отворање, Европската куќа – Скопје денеска организира отворање на изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје во Куќата-музеј на Лазар Личеноски. Изложбата ќе биде отворена за јавноста секој вторник и четврток во периодот од 15 до 30 ноември од …

Изложба на студенти на ФЛУ во Куќата-музеј на Личеноски по повод третиот роденден на Европската куќа Read More »

Отворање на изложбата „Се што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“. Куратори на изложбата се Мустафа Асан, Мо Диенер, Мира Гаќина и Јованка Попова. Уметници чии …

Отворање на изложбата „Се што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје Read More »

Изложба во РЕК Битола: 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот


    Во пресрет на одбележувањето на 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во кругот на комбинатот денеска е поставена изложба на извадоци од Битолски весник, кој како локално медиумско гласило ја следел и известувал за изградбата на РЕК Битола, како и за работењето на комбинатот од неговите почетоци …

Изложба во РЕК Битола: 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот Read More »

„Каде одиме…?“ – изложба на Стефан Димовски


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во галерија „КО-РА“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложбана уметникот Стефан Димовски насловена „Каде одиме…?“. -Светот на Стефан Димовски не престанува да нѐ изненадува, секогаш со еден нов изблик на колоратурна свежина, со сиот изблик на хроматска ведрина, со магичнoста на колажните структури и гамата преточена од …

„Каде одиме…?“ – изложба на Стефан Димовски Read More »

Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во битолскиот Офицерски дом


Ликовната есенска сезона во битолскиот Офицерски дом почна со 19. издание на големата меѓународна ликовна изложба „ААмА“. „ААмА“ ќе биде изложена во светските галериски простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка, а во Северна Македонија изложбата доби поддршка и одговор од 120 уметници од 80 држави. – Во подготовката, селекцијата, кураторството и …

Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во битолскиот Офицерски дом Read More »

„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ и разговор со уметницата


  Во соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, по првпат во Северна Македонија гостува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци. Нејзината изложба насловена „Доаѓаме со поклон“ ќе биде официјално отворена вечер во Чифте амам во 20:30 часот, …

„Доаѓаме со поклон“ – самостојна изложба на Шејла Камериќ и разговор со уметницата Read More »

„Чувства и движење“ – изложба на Владимир Илиевски


  Во Галеријата „Ко-Ра“ вечерва ќе биде отворена изложбата „Чувства и движење“ на ликовниот уметник Владимир Илиевски. На изложбата ќе бидат претставени досега неизложени слики, цртежи со јаглен настанати во изминатите неколку години. Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. …

„Чувства и движење“ – изложба на Владимир Илиевски Read More »

„Ретро: телесни ретроспективи“ – изложба на Јана Јакимовска


  Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Ретро: телесни ретроспективи“ на уметницата Јана Јакимовска. Изложбата е со мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе рецентни периоди од нејзиното творештво. Ова е 21-а самостојна изложба на Јакимовска и ќе биде отворена до 5 октомври. „Ретро: телесни ретроспективи“ е поглед фрлен …

„Ретро: телесни ретроспективи“ – изложба на Јана Јакимовска Read More »

Самостојна изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“


  Самостојна изложба на Јана Луловска со наслов Natura in Vita/Vita in Natura ќе биде отворена денеска во Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата се состои од фотографски документарни архиви од животот и работата на село, широкоаголна пејзажна фотографија (сите фотографии трансферирани, во зависност од циклусот, со експериментални методологии на разновидни основи, со цел …

Самостојна изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“ Read More »

„Сето време е сето време“ – изложба на фотографот Иван Блажев


  Во Галеријата на Кинотеката на Република Северна Македонија вечер ќе биде поставена  изложба на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев. Изложбата претставува заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година: Првично избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време / простор / …

„Сето време е сето време“ – изложба на фотографот Иван Блажев Read More »

Во делата од изложбата „Фрагменти од едно постоење“ претставен е ликот на жената


  Во Концепт 37 во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Фрагменти од едно постоење“ на уметницата Анџелика Колева. Посетителите ќе имаат можност да видат 30-тина дела на платно и на грамофонски плочи. Колева во изјава за МИА објаснува дека работи на водена техника, разлевање во бои, а првата љубов во уметноста и е сликање …

Во делата од изложбата „Фрагменти од едно постоење“ претставен е ликот на жената Read More »

Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“. Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази. -Во првата фаза …

Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева Read More »

Самостојна изложба на Менсур Бојда


  Во просториите на Грал галерија во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда насловена „Принтана едиција”. „Принтана едиција” е колекција од 25 селектирани дела од различни периоди и различни техники. Колекцијата содржи репродукции од цртежи, слики, дела од серијалот насловен „Моите омилени нешта” и …

Самостојна изложба на Менсур Бојда Read More »

Самостојна изложба на Жарко Башески во МАНУ


  Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во земјава, вклучително скулптури изложувани …

Самостојна изложба на Жарко Башески во МАНУ Read More »

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија отворена изложба на скулптури на Марјан Стојаноски


  Во галеријата на Културно – иинформативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, синоќа беше отворена изложбата „Панта реи“ на македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски, јави дописникот на МИА од Софија. Ова е прва самостојна изложба на Стојаноски во Софија, која е составена од ротирачки скулптури изработени со метални и дрвени елементи. Делата …

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија отворена изложба на скулптури на Марјан Стојаноски Read More »