Изложба во РЕК Битола: 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот


 

 

Во пресрет на одбележувањето на 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во кругот на комбинатот денеска е поставена изложба на извадоци од Битолски весник, кој како локално медиумско гласило ја следел и известувал за изградбата на РЕК Битола, како и за работењето на комбинатот од неговите почетоци до денешни денови.

Изложените текстови, велат од ЕСМ, сведочат за значајни државни одлуки донесени во времиња кога се структурирал енергетскиот сектор, за големите градежни зафати на терен во Пелагонија и за производството на јаглен и електрична енергија за снабдување на државата.

 

Раководството на АД ЕСМ и на РЕК Битола, додаваат, искажа благодарност до медиумот за повеќедецениското известување и за чувањето на сеќавањето и историјата за најзначајниот енергетски објект во земјава.