Њујорк: Уапсено едно лице со бензин и запалка во катедрала на Менхетн


САД– Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж кој синоќа влегол во католичката црква Свети Патрик во Њујорк со канистри со бензин, течен гас и запалка. Бидејќи осомничениот влегол во катедралата во центарот на Менхетн малку пред осум часот вечерта, му пришол припадник на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога тргнал да си замине, бензинот се истурил по …

Њујорк: Уапсено едно лице со бензин и запалка во катедрала на Менхетн Read More »

Најубав поглед: Њујорк добива стаклен облакодер повисок од Емпајер Стејт


САД- Њујорк е дом на некои од најимпресивните објекти во светот кои се вистински архитектонски чуда, а сега добива уште еден објект наречен Hudson Yards Tower, кој ќе нуди најдобар поглед на градот. Највисоката панорама на градот ќе ја нуди новиот објект Hudson Yards Tower кој е уште познат под името Edge. Раскошниот облакодер е …

Најубав поглед: Њујорк добива стаклен облакодер повисок од Емпајер Стејт Read More »

За купување цигари во Њујорк зголемена границата на 21-годишна возраст


САД – Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година. Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи на сила во рок од 120 дена. …

За купување цигари во Њујорк зголемена границата на 21-годишна возраст Read More »

Њујорк презема мерки против ширењето на морбилите


Властите на округот Рокланд во северниот дел на Њујорк, забранија присуство на јавни места на деца на возраст до 18 години, кои не се вакцинирани против морбили, откако за многу кус период беа регистрирани 153 нови случаи на заболени од оваа болест. Забраната стапува во сила од денеска на полноќ и ќе трае најмалку во …

Њујорк презема мерки против ширењето на морбилите Read More »

(Видео) Снег го парализира североисточниот дел на САД


Силна снежна бура го погоди североисточниот дел на САД и предизвика откажување на повеќе од 580 летови, затворање на училишта, а во Минеаполис е регистрирана најниска температура. Снежното невреме најтешко го погоди Бостон, каде што паднаа околу 40 сантиметри снег и предизвика хаос на меѓународниот аеродром Логан, како и на њујоршкиот аеродром Ла Гвардија и …

(Видео) Снег го парализира североисточниот дел на САД Read More »

Во Њујорк рекордно намален бројот на убиства


САД– Во Њујорк во текот на 2018 година се извршени рекордно мал број убиства, соопштија полициските служби. Во најголемиот американски град во 2018 година се регистрирани 289 убиства, што претставува еден отсто помалку од минатата година и е најниското ниво од 50-те години на минатиот век. Бројот на убиства е намален за 45 отсто во …

Во Њујорк рекордно намален бројот на убиства Read More »

Трагедија во Њујорк: Лимузина усмрти 20 пешаци


Дваесет луѓе загинале во градот Скохери откако на нив налетала лимузина во движење, соопшти денеска полицијата во американската држава Њујорк. Возилото, според локалните власти, со голема брзина се спуштило низ едно височина и налетало на минувачи во област од градот што е туристичка атракција. Инцидентот се случил синоќа во градот Скохери на околу 270 км …

Трагедија во Њујорк: Лимузина усмрти 20 пешаци Read More »

Вилијамс против Осака во њујоршкото финале


Поранешната тенисерка број 1 во светот, Серена Вилијамс се пласира во деветтото финале на Ју Ес Опен по успехот со 6:3, 6:0 над Анастасија Севастова. Соперничка на Американката, која има освоено 23 Гренд слем титули, ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ја победи Американката Медисон Кис со 6:2, 6:4 во другото полуфинале и ја постигна …

Вилијамс против Осака во њујоршкото финале Read More »

„Апартманот на Тито“ во Њујорк на продажба за 12 милиони долари


Двокатниот луксузен апартман во Њујорк, сопственост на некогашна СФР Југославија, ќе биде понуден на продажба по цена од 12,1 милиони долари, а добиените пари ќе бидат поделени меѓу земјите наследнички на поранешната југословенска федерација, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Апартманот, кој има шест спални соби и четири бањи, беше користен од амбасадорите на СФРЈ …

„Апартманот на Тито“ во Њујорк на продажба за 12 милиони долари Read More »

Почна одлучувачката средба за името во Њујорк


Почна средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас – во зградата на Обединетите нации во Њујорк. На средбата, која следува откако грчката страна го одби предлогот за „Република Илинденска Македонија“, присуствува и медијаторот на ОН Метју Нимиц.  Во пресрет на новата средба, двајцата министри имаа одвоени средби …

Почна одлучувачката средба за името во Њујорк Read More »

Во Њујорк одиме со „Република Илинденска Македонија“, Грција со предлозите на Нимиц


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштија од македонското МНР. Во пресрет на новата рунда разговори за името, од македонската Влада потврдија дека остануваат на …

Во Њујорк одиме со „Република Илинденска Македонија“, Грција со предлозите на Нимиц Read More »

Брус Вилис го продаде станот во Њујорк за речиси 18 милиони долари


Американскиот актер Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продадоа својот луксузен стан во Њујорк со поглед на Централ парк за 17,75 милиони долари. Како што пишува „Дејли мејл“, тие ја добиле бараната цена за станот кој го купиле во 2015 година. Сега го продале за 755.000 долари повеќе. Луксузниот дуплекс има шест соби и …

Брус Вилис го продаде станот во Њујорк за речиси 18 милиони долари Read More »

Несреќа на снимање на новиот филм со Брус Вилис


Пожарникар, татко на четири деца го изгубил животот во пожар во зграда во Харлем, во која режисерот Ед Нортон снима филм. Пожарот избил во приземјето на зграда во Авенија Сент Николас во четвртокот навечер. Портпаролот на градоначалникот Бил Де Бласија напишал на Твитер: -Ова беше страшна ноќ, изгубивме пожарникар. Американските медиуми пренесоа дека пожарот избувнал …

Несреќа на снимање на новиот филм со Брус Вилис Read More »

Ѕвездата од „Сексот и градот“ во трка за гувернер на Њујорк


Американската актерка и активистка Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“ денеска соопшти дека ќе се кандидира за гувернер на сојузната држава Њујорк. Таа ќе се спротистави на актуелниот гувернер Ендрју Куомо во борбата за номинација од Демократската партија.  

(ВИДЕО) Во Њујорк се отвора Музеј на шпионажа


Музејот Спајскејп се отвора утре во Њујорк, а посетителите ќе можат да добијат податоци за историјата, и за тоа какви видови шпионажа постојат. Посетителите на Музејот ќе имаат можност да научат за иднината и сегашноста на шпионажата, од машината за обработка на шифри од Втората светска војна до најпознатите шпионски имиња и нивните потфати. Изложбата …

(ВИДЕО) Во Њујорк се отвора Музеј на шпионажа Read More »

Њујорк го тужи студиото на Вајнстин затоа што не ги заштитило вработените


Државата Њујорк ја тужеше компанијата „Вајнстин“ поради сомнеж дека студиото не ги заштитило вработените од продуцентот Харви Вајнстин, кого многу жени го обвинија за сексуално вознемирување или силување. Њујоршкиот обвинител Ерик Шајдермен изјави дека поднел тужба против компанијата, како и против Харви и Роберт Вајнстин. Вајнстин, коосновач на студиото „Мирамакс“, беше еден од највлијателните холивудски …

Њујорк го тужи студиото на Вајнстин затоа што не ги заштитило вработените Read More »

Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк


Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА. Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во …

Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк Read More »

Видео од терористичкиот напад во Њујорк


Камерите за видеонадзор го забележаа моментот на активирање на експлозивната направа на Менхетен. Имено, како што беше претходно соопштено, експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. CCTV footage shows the pipe bomb explodes in Midtown Manhattan, NYC pic.twitter.com/05WFv06RMl — People’s Daily,China (@PDChina) December 11, 2017 Според телевизијата …

Видео од терористичкиот напад во Њујорк Read More »

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот


Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба при што бил повреден само бомбашот. Според телевизијата Си-би-ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело.  Едната од бомбите експлодирала додека …

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот Read More »

Експлозија на бомба на автобуска станица во Њујорк


Експлозија одекнала утринава во Њујорк, на една од главните автобуски станици во централниот дел на Менхетн. Полицијата информираше дека реагира на терен и дека сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата. Според телевизијата Ен-би-си, најмалку едно лице е повредено, а неколку метро-линии се во прекин поради експлозијата.