Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот


Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен.

Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба при што бил повреден само бомбашот.

Според телевизијата Си-би-ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело.  Едната од бомбите експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му повреди поради кои бил хоспитализиран.

њујорк експлозија внатре во текст

Полицајците потоа успеале да ја отстранат другата бомба, а локалните медиуми објавија фотографија од ранетиот напаѓач во моментот на апсењето.

Очевидци велат дека се работело за маж на возраст од 20-ина години, кој бил пренесен во болницата Белви со сериозни повреди, но во стабилна состојба.

њујорк бомбашот

Исклучително прометните метро станици Тајмс сквер и Порт ауторити се евакуирани од страна на полицијата додека возовите не застануваат на овие постојки.

Инцидентот се случил во 7:30 часот по локално време (13:30 часот по средноевропско време) во екот на утринскиот сообраќаен метеж. Двете метро станици се поврзани со подземен пешачки тунел и очевидци велат дека патниците сами почнале да бегаат штом ја слушнале силната експлозија.

њујорк метро внатре во текст

Стотици луѓе на социјалните мрежи објавија дека се случило вистинско стампедо по експлозијата, додека патниците брзале што поскоро да го напуштат подземниот тунел и метро станиците.

Американскиот претседател Доналд Трамп и градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио биле брифирани со досега познатите информации за инцидентот.