Експлозија на бомба на автобуска станица во Њујорк


Експлозија одекнала утринава во Њујорк, на една од главните автобуски станици во централниот дел на Менхетн.

Полицијата информираше дека реагира на терен и дека сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата.

Според телевизијата Ен-би-си, најмалку едно лице е повредено, а неколку метро-линии се во прекин поради експлозијата.