Најубав поглед: Њујорк добива стаклен облакодер повисок од Емпајер Стејт


САД- Њујорк е дом на некои од најимпресивните објекти во светот кои се вистински архитектонски чуда, а сега добива уште еден објект наречен Hudson Yards Tower, кој ќе нуди најдобар поглед на градот.
Највисоката панорама на градот ќе ја нуди новиот објект Hudson Yards Tower кој е уште познат под името Edge. Раскошниот облакодер е висок над 305 метри, а опфаќа 750 квадрати отворен простор. До врвот на објектот се доаѓа со лифт само за 60 секунди. Стаклениот под овозможува (освен пријатна вртогалвица) – идеален поглед од птичја перспектива. Овој видиковец се смета за најголем на западната хемисфера, односни за петти најголем гледано глобално. Покрај неверојатниот поглед и амбиент, Edge има и ресторан, бар и простор за организирање на настани.


„Hudson Yards Tower ги повикува посетителите да прошетаат по небото и да уживаат во енергијата на непречениот, панорамски поглед на градот каков до сега не виделе“, објаснува Џејсон Хоркин, извршниот директор на Hudson Yards Experiences.
Се очекува објектот да биде отворен следната година.