Посетата на Кирил Петков е одење по жица


Не е прашање кога ќе се случи одложената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје (поради изолацијата во која се наоѓа по позитивниот ковид-тест на претседателот на собранието), туку дали од неа може да се очекува работите да се поместат од мртвата точка во која се наоѓаат односите меѓу двете земји. Ако се суди …

Посетата на Кирил Петков е одење по жица Read More »

Во потрага по премиер


Кого треба да го слуша Зоран Заев – владините партнери или својот збор? Тоа се претвора во клучното прашање од ноќта на изборите кога Заев изјави дека поднесува оставка и на местото премиер и на позицијата претседател на СДСМ. Расправите околу тоа дали тој требаше да го поврзе останувањето на премиерската функција со победата на …

Во потрага по премиер Read More »

Дали популизмот е антиелитизам?


Пред околу година и пол извонредниот американски магазин „Атлантик“ објави една исто така извонредна статија на неговиот новинар Јасмин Серхан, во која се образложуваше тврдењето дека популизмот е бесмислен. Има неверојатни примери на фантастично новинарство, па така е и овој. Вака оди почетокот на таа опширна статија: „Еден пролетен викенд, десетици академици од целиот свет …

Дали популизмот е антиелитизам? Read More »

Два света во два чамци на Блед


Политиката никогаш не престанува да изненадува, дури и тогаш кога работите изгледаат банални. Дебатата на Стратешкиот форум на Блед, Словенија, во голема мерка покажа дека иднината на Западен Балкан во Европската унија изгледа дека сѐ повеќе и повеќе се сведува на – зборови, зборови, зборови. И токму таму е изненадувањето на баналноста. Српскиот претседател Александар …

Два света во два чамци на Блед Read More »

Денови на големи викотници


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Македонија очигледно има проблем. И тоа голем проблем. Надвор од својата сиромаштија, затвореност, неперспективност, незнаење – доминантната состојба на духот стана општиот нихилизам. Апсолутно омаловажување, потценување и осуда на сето она што не произлегува од тебе. Тој нихилизам од општи реакции се претвора во големи викотници, а најпосле завршува во хистерија. Во одредена …

Денови на големи викотници Read More »

Грција се врати на традиционалната политика


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Четири и пол години траеше своевидниот политички експеримент во Грција кога гласачите, гневни од корупцијата, лажните економски показатели, неочекуваното соочување со сиромаштијата и невработеноста, се свртеа кон левичарската Сириза и нејзиниот харизматичен лидер Алексис Ципрас, верувајќи дека тие можат да направат чудо во економски измачената нација. Во неделата Грците се свртеа назад, кон …

Грција се врати на традиционалната политика Read More »

Ветинг и за политичарите


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Од некаква морална супериорност, политичарите најавуваат дека ветингот во МВР само што не започнал. Дека со него ќе почнело институционалното прочистување на полицијата, што ќе довело до повисока професионализација. Можеби ќе биде така, но самото спроведување на ветингот не е никаква гаранција дека полицијата ќе биде и попрофесионална, и поодговорна, и помалку склона …

Ветинг и за политичарите Read More »

Порака до Ердоган: Доста е!


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Главниот уредник на провладиниот исламистички дневен весник „Јени Шафак“, Ибрахим Карагул, во вторникот ја обвини опозицијата дека извела државен удар со тоа што победила на локалните избори во Истанбул. Преку Твитер тој повика: „Изборите во Истанбул мора да се повторат. Затоа што на 31 март беше извршен државен удар против Турција на отворена …

Порака до Ердоган: Доста е! Read More »

Денови на хаосот


Љупчо Поповски Веројатно сега на сите им станува појасно колку голем беше влогот со потпишувањето на Преспанскиот договор и промената на името на државата. И колку цената на тој влог ја зголеми скромниот одѕив на референдумот на 30 септември. Последниов месец таа голема цена се претвори во конфузија во која Владата во име на главната …

Денови на хаосот Read More »

Мухарем Инџе – човекот што може да го собори Ердоган


Љупчо Поповски   Кога претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пролетва ненадејно ги распиша претседателските и парламентарните избори (една и пол година порано од редовниот термин), тоа изгледаше како рутинска операција од теоријата – дека победата е загарантирана и дека неспорниот владетел на државата ќе може да раководи со огромните овластувања што му ги дава …

Мухарем Инџе – човекот што може да го собори Ердоган Read More »

Можен е советски третман за „Скопје 2014“


Бранко Тричковски вели дека треба да се поканат некои од најголемите светски архитектонски имиња да предложат што може да се направи со проектот во центарот на Скопје кој е сведок „што може да ѝ се случи на една нација кога ќе си дозволи да полуди“. Меѓу другото, што да се прави со коњаникот со исукан …

Можен е советски третман за „Скопје 2014“ Read More »

Дали Груевски е Јозеф К.?


Љупчо Поповски Пражанецот Франц Кафка својот прочуен роман „Процес“ го почна со исто толку прочуената реченица: „Бездруго некој го беше наклеветил Јозеф К. зашто, без да направи нешто лошо, едно утро го уапсија“. Неодамна, по едно од рочиштата во процесот за насилството во Општина Центар, поранешниот премиер Никола Груевски им изјави на новинарите дека тој, …

Дали Груевски е Јозеф К.? Read More »

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа


Љупчо Поповски Фотографијата на мртва природа во канцеларија во Белата куќа со еден човек минатата недела во голема мера беше предмет на потсмев во македонскиот свет на социјалната интеракција. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, обидувајќи се да ја зголеми перцепцијата за својата важност во светот на овдешната политика и кај гласачите, беше застанал зад празната …

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа Read More »

Полска и холокаустот – демони од минатото


Љупчо Поповски Историјата секогаш може да се претвори во оружје. Или, попрецизно, секогаш кога ќе посакаат политичарите. Во Европа тоа не се случува само на Балканот (тоа историско минско поле), туку кон тоа оружје посегнуваат и многу други на истокот од континентот. Последниот случај во Полска ги крена на нозе Евреите во светот и во …

Полска и холокаустот – демони од минатото Read More »

ВМРО-ДПМНЕ не е среќна партија


Љупчо Поповски Иронијата на судбината често знае да биде груба, некогаш дури и отровна. Оваа среда беше еден од оние денови кога некои политичари веројатно самите себеси си поставуваа непријатни прашања, што им се случува и што допрва ќе им се случува. Јавноста под притисокот на настаните помалку се занимаваше со нивните судбини, а повеќе …

ВМРО-ДПМНЕ не е среќна партија Read More »

Милошевиќ и Туѓман се враќаат


Љупчо Поповски Во еден драматичен балкански круг со креда двете држави, кои беа моторот за крвавите војни при распадот на Југославија, се вратија онаму каде што изгледа најдобро се чувствуваат – во 1990-тите години. Во нивната националистичка сага, во нивните митови, во нивното неразбирање на Европа, во нивната исклучивост, во нивната балканска крчма. На прв …

Милошевиќ и Туѓман се враќаат Read More »

Кој е на погрешната страна од историјата


Љупчо Поповски Летоска во јули, на годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, лидерот Никола Груевски го објави планот за иднината на партијата откако ја загуби власта по 11 години: „Ќе ги зацврстиме и ќе ги збиеме нашите редови, ќе се преброиме и прочистиме, ќе ги изанализираме нашето работење и нашите …

Кој е на погрешната страна од историјата Read More »