Пионот, кралицата, коњот и глупиот Август


Иако изгледа дека работите се навидум исти по двонеделната расправа околу разрешувањето на министрите и именувањето на нови членови на Владата – бескрајни дискусии на опозицијата за да се одложи процесот – но тие во никој случај не се какви што беа. Сцената е поставена за последната година од мандатот на кабинетот на Димитар Ковачевски, …

Пионот, кралицата, коњот и глупиот Август Read More »

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“


Кога лани во јуни партијата Има таков народ ја напушти четричлената кршлива владина коалиција во Бугарија и го предзвика падот на кабинетот на Кирил Петков, нејзиниот лидер, Слави Трифонов, во интервју за Радио Дарик се обиде да ја објасни во два збора причината за тој чекор. Тој стави рака на устата, погледна нагоре и гласно …

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“ Read More »

Дали се врати Крајот на историјата?


Одамна знаеме дека овде нема почва за некои важни филозофски и научни расправи околу тоа каде би можела да се движи иднината не во Европа, туку кај нас или во регионот. Причините се прозаични, но сепак „убиствени“ – научната мисла, за жал, е лимитирана. Главно, тоа е последица на неизвесноста од долготрајната транзиција да се …

Дали се врати Крајот на историјата? Read More »

Викнете полиција… Нешто чудно се случува во Апелација


Сведоците кои биле скриени во некои долапи, а еден имало бесшумен, како сенка, зад завеса гледале чудни настани. Како во филмот „Враќање во иднината“ во одаите на скопскиот Апелациски суд се премотувале назад филмските ролни кои почнаа да се снимаат кога излезе аферата со прислушувањето за да се вратат настаните на почеток и иднината да …

Викнете полиција… Нешто чудно се случува во Апелација Read More »

За нивна жал, приватните превозници ќе бидат жртва на сопствениот протест


Долг има, колкав е тој никој точно не може да каже. Барем тоа не го знае јавноста. Приватните превозници во градскиот сообраќај во Скопје велат дека ЈСП (а со тоа и Градот Скопје) им должи 1,5 милиони евра. Градските власти велат дека има долг, но не соопштуваат колку пари се во прашање. Директорот на ЈСП …

За нивна жал, приватните превозници ќе бидат жртва на сопствениот протест Read More »

Човекот од Флорида


Медиумите знаат да бидат политички убиствени. Не овде, туку во најстарите демократии. Особено кога уредништвото (а и сопствеништвото) мисли дека одредени политичари или нивни идеи се штетни за општеството или партијата чии поклоници се. Настаните во Америка по среднорочните избори се своевиден политички спектакл, а во него класичните медиуми – весниците и телевизијата – имаат …

Човекот од Флорида Read More »

За бугарскиот цар… уште еднаш


„Никој нема монопол на вистината“. Со овие зборови му одговори бугарската амбасадорка во Израел, Румјана Бачварова, на директорот на Меморијалниот центар за холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, Дани Дајан, откако тој побара од историчарите во музејот да ги проверат фактите изнесени во книгата „Бугарската армија и спасувањето на бугарските Евреи“. Само една мала дигресија – …

За бугарскиот цар… уште еднаш Read More »

Целта не е Артан Груби, туку Али Ахмети


Не треба голема политичка проникливост за да се разбере дека пораката за промена на Артан Груби од страна на дружината спектакуларно наречена „огнена група“, во основа има друга вистинска цел – детронизирање во догледно време на неприкосновениот лидер на ДУИ, Али Ахмети. Моментот во којшто се појави писмото на „огнените“ е индикативен – опозицијата подготвува …

Целта не е Артан Груби, туку Али Ахмети Read More »

Референдумот е мамка, целта се избори


(Колумна за Дојче веле) Не треба да се биде некој ингениозен аналитичар, длабок и таинствен познавач на внатрешните работи во Внатрешната организација, за работите не ви бидат јасни ако не на прв брз поглед, тогаш сигурно на втор смирен преглед. Најавата на опозицијата за одржување референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија има …

Референдумот е мамка, целта се избори Read More »

Што пишува во „Македонскиот синдром“ – тајниот извештај на ЦИА од 1971


(Колумна за Дојче веле) Лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ пред три дена во текст околу почнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија пишува дека бугарските услови за нашата земја се причина за загриженост околу плановите на Унијата за проширување на Балканот. Во овој текст се наведува и документот изработен од офицерите на ЦИА на …

Што пишува во „Македонскиот синдром“ – тајниот извештај на ЦИА од 1971 Read More »

Кога гневот ја води политиката


Додека едниот се извинува, а другите бараат оставки од него за инцидентот во Собранието полн со обостран гнев, сите тие заедно треба да одвојат малку време и да прочитаат од загрепските медиуми како денес Хрватска ја добила првата транша од неповратната помош на ЕУ од 700 милиони евра од фондот за закрепнување на Унијата од …

Кога гневот ја води политиката Read More »

Дали Македонија премногу веруваше во Кирил Петков?


Политиката е чудо на свој начин. Кога не си во неа си слободен на многу начини, кога ќе влезеш во нејзините машини „заробен“ си на најразлични запчаници. Најмногу од интересите на актерите во неа. Еве еден пример за тоа што значат „политичките пранги“. Се работи за еден од најдобрите надворешно-политички експерти на Балканот и многу …

Дали Македонија премногу веруваше во Кирил Петков? Read More »

Кога ветото се претвора во слабост


(Колумна за Дојче веле) Пред еден месец поранешниот премиер Зоран Заев, во својот прв јавен настап по абдицирањето од власта, од Струмица зборуваше за принципот на одлучување во Европската унија кој нему му ја загорчи политичката кариера. Еднаш по ветото на Емануел Макрон во 2019 понуди оставка и организирање предвремени избори, а вториот пат ветото …

Кога ветото се претвора во слабост Read More »

Од Макрон, со не многу љубов


(Колумна за Дојче веле) Како едвај да чекаше да победи на претседателските избори за Емануел Макрон да ги објави своите нови идеи за politique de grandeur за формирање „Европска политичка заедница“ во која би се собрале сите во Европа и подалеку од неа. И оние што сакаат да бидат дел од ЕУ, и оние што …

Од Макрон, со не многу љубов Read More »

Блокада за „конечната победа“


Ултиматумот на ВМРО-ДПМНЕ до власта изгледа како некоја битка од украинското боиште: до 10 мај треба да бидат прифатени нивните услови или ќе почнела активна блокада на Собранието (ако сакате, тоа може да се нарече и „опсада“). Вмровското раководство го сврте песочниот часовник. Песокот од него тече на пет дена. Течењето на песокот може да …

Блокада за „конечната победа“ Read More »

Како во холивудски филм, што би рекол Никола Груевски


(Колумна за Дојче веле) Во еден од своите неброени постови испратени на Фејсбук за случајот „Плацеви на Водно“, во кој го обвини својот поранешен кум Ристо Новачевски дека „срамно лаже“, Никола Груевски се обидува да поентира со овие зборови: „Невидена игра, како во холивудски филм. Но во тие филмови секогаш победува правдата и вистината“. И …

Како во холивудски филм, што би рекол Никола Груевски Read More »

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба


Еди Рама, албанскиот премиер, е специфично колоритен политичар не само за балканските простори, туку и за пошироки европски пространства. Кога неделава шефот на европската дипломатија (надлежен и за безбедноста) Жозеп Борел во Тирана ги повторуваше истите зборови кои ги кажа во Скопје – дека Албанија и Македонија одамна го заслужија отворањето на преговорите со ЕУ …

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба Read More »

Империјални и други сништа


(Колумна за Дојче веле) Опсесијата на Владимир Путин со Украина не е ни од лани, не е ни од 2014, туку од уште многу порано, можеби уште пред да стане претседател на Русија во 2000 година. Веројатно таа опсесија е од советските времиња, а се однесува на царистичките векови. Уште во 2008 година, според пишувањето …

Империјални и други сништа Read More »

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер?


(Колумна за Дојче веле) Големи лидери, мали лидери. Голема криза, уште поголема криза. Војната во Украина еден ден изгледа неизбежна, другиот ден помалку возможна. Во Москва како на филмска лента се менуваат западните гости кои бараат од руските власти да го намалат трупањето на војниците на границите со Украина и да почне деескалација. И дека …

Западните лидери уште се прашуваат: А што би направил Кисинџер? Read More »

Нашите Бугари и нивните Македонци


(Колумна за Дојче веле) Сите среќни соседи имаат разбирање и за најголемите разлики. Сите несреќни соседи не можат да се разберат дури и околу она за што се согласуваат. Оваа парафраза на оригиналот на Толстој може да се употреби за многу случаи. И сигурно и за оваа несреќна замрзната состојба во македонско-бугарските односи , ужасната недоверба …

Нашите Бугари и нивните Македонци Read More »