Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров


Повторно регистриран физички напад меѓу малолетници во Скопје. Имено, вчера (09.11.2022) во 18.30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, 51-годишен скопјанец, пријавил дека претходно на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната неговата малолетна ќерка, од страна на друга малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи. На физичкиот напад му претходело нивно меѓусебно недоразбирање. Полицијата …

Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров Read More »

Арсовска на увид во градежните работи на мега-паркот „Даме Груев“ во Ѓорче Петров


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес изврши увид во градежните работи во мега-паркот Даме Груев во општина Ѓорче Петров. ЈП „Улици и патишта“ на терен веќе работи на инфраструктурното уредување на паркот кое се одвива со одлична динамика, додека Јавнoто претпријатије „Паркови и зеленило“ ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк, односно …

Арсовска на увид во градежните работи на мега-паркот „Даме Груев“ во Ѓорче Петров Read More »

Дел од Општина Ѓорче Петров утре ќе остане без електрична енергија


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе остане дел од Општината Ѓорче Петров. – од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: „Александар Македонски“, „Кадињача“ и „Андреја Папарадишки“. (Oпштина Ѓорче …

Дел од Општина Ѓорче Петров утре ќе остане без електрична енергија Read More »

Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен


По невремето кое ја зафати Општина Ѓорче Петров вчервавечер веднаш на терен излегоа екипите на Комунален пункт на Општина Ѓорче Петров во координација со Пожарна Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје и делуваа на критичните места, информираше градоначалникот на општината Александар Стојкоски.  Веднаш беа превземени мерки за санација на сливниците за атмосферска …

Невреме во Ѓорче Петров, надлежните цела ноќ на терен Read More »

Град Скопје почнува со постапката за изградба на првиот мега парк во Ѓорче Петров


Град Скопје и Општина Ѓорче Петров ги започнаа постапките за изградба на првиот од четирите мега паркови што треба да се изградат во Скопје во текот на наредниве години. Советот на Град Скопје денеска по иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска, ја донесе Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за …

Град Скопје почнува со постапката за изградба на првиот мега парк во Ѓорче Петров Read More »

Енергетски ефикасни решенија во основните училишта во Општина Ѓорче Петров


На вчера одржаната 11-та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно од сите членови на Советот беа изгласани две суштински одлуки за граѓаните на Ѓорче Петров, информираше градоначалникот Александар Стојкоски. Првата е одлука за намера за реализација на проекти со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со кој е изразена намерата …

Енергетски ефикасни решенија во основните училишта во Општина Ѓорче Петров Read More »

На местото на депонијата во Ѓорче Петров, ќе се прави парк


Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во емисијата „Топ тема“ најави дека на местото од исчистената депонија во Ново Село ќе градат парк. „Се трудиме капиталните инвестиции да не трпат. Веќе кажав, ние од сам старт почнавме со реализација на капиталните проекти кои ни беа ветени во програмата. Еден од нив е депонијата во Ново …

На местото на депонијата во Ѓорче Петров, ќе се прави парк Read More »

Ѓорче Петров со ригорозни казни за непрописно одлагање отпад


Стојкоски: Ѓорче ќе биде здрава еколошка средина за живеење, ригорозни казни за непрописно одлагање отпад Исчистена е најголемата депонија во Ново село, во Општина Ѓорче Петров, која претставуваше опасност и по здравјето на жителите, а сега, следуваат и низа активности за подобрување на комуналниот живот. „Ѓорче ќе биде здрава еколошка средина за живеење“, одлучен е …

Ѓорче Петров со ригорозни казни за непрописно одлагање отпад Read More »

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров


Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата. Десетина улици во Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а жителите се жалеа дека се вози брзо, се поставени т.н. легнати полицајци. Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во …

„Лежечки полицајци“ поставени на неколку улици во Ѓорче Петров Read More »

Без струја дел од Ѓорче Петров


Од 09 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат жителите од улиците „Воин Драшкоци“ и „Браќа Галеви“ од општина Ѓорче Петров. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Убиство во Ѓорче Петров


Тело на безживотно лице вечерва е пријавено во полиција, потврдуваат од МВР.  Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи случајот бил пријавен вечерва околу 21:40 часот. Телото е најдено на улицата Шарпланинска, како лежи без знаци на живот и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост …

Убиство во Ѓорче Петров Read More »

ПМФЛ: Вардарци се вратија на победите


Екипата на Вардар со два гола во последните моменти од натпреварот успеа да го победи тимот на Македонија Ѓорче Петров со 1:3 (1:1) на гостински терен. Трите бода беа освоени буквално во финишот на средбата, кога при резултат 1:1, Мицевски (90) и Попзлатанов (93) ја донесоа оваа вредна победа за „црвено-црните“, осма во оваа сезона. …

ПМФЛ: Вардарци се вратија на победите Read More »

Протест во Ѓорче Петров за прегазеното дете


Ден по несреќата на улицата „Борис Сарафов“, граѓаните на Ѓорче Петров повторно излегоа на улица за да протестират. Тие бараат од надлежните институции итно да го решат проблемот со улицата, во спротивно велат дека секој ден ќе ја блокираат улицата и ќе станат порадикални. Инаку по синоќешниот инцидент во кој беше прегазено 10-годишно дете, жителите излегоа …

Протест во Ѓорче Петров за прегазеното дете Read More »

Детето што беше прегазено во Ѓорче Петров е во стабилна состојба


Во стабилна состојба 10-годишното детенце кое вчера беше удрено од возило во движење на улицата „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров, информираат од Клиниката за неврохирургија. Детето има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото, е контактибилно и во стабилна состојба и е оценето дека нема потреба од операција. Според полицијата, сообраќајната …

Детето што беше прегазено во Ѓорче Петров е во стабилна состојба Read More »

Се бара идејно решение за враќање на корзото во Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров планира да го оживее некогашното корзо. За таа цел општинарите распишаа конкурс за избор на идејно решение за шеталиштето во реонскиот парк „Ѓорче Петров“. Се бараат идеи за дизајнирање четири типски монтажни објекти, за дизајн на урбана опрема (улични светилки и канделабри), за дизајн на клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња. …

Се бара идејно решение за враќање на корзото во Ѓорче Петров Read More »

Скопјанец прегазил две старици во Ѓорче Петров


Дваесет и петгодишен скопјанец со својот „мерцедес“ прегазил две постари лица во населбата Ѓорче Петров. Од МВР известуваат дека на 17.3.2018 година во 12:50 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од Л.Ј. (25) од Скопје удрило во пешаците Т.К. (79) и Р.А. …

Скопјанец прегазил две старици во Ѓорче Петров Read More »

Полицаец нападнат со нож во обид да спречи тепачка меѓу гостиварци и скопјани


Во обидот да спречат тепачка, која избувнала меѓу четворица мажи, бил повреден еден полицаец, а негов колега избегнал убод со нож. Како што велат од МВР, вчера во 19.35 часот било пријавено дека на игралиштето на место викано Јурија, во Скопје, имало нарушен јавен ред и мир со тепачка. „М.Ш.(21) и Ф.Н.(20) од Гостивар од …

Полицаец нападнат со нож во обид да спречи тепачка меѓу гостиварци и скопјани Read More »

Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров


Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С. МВР соопшти дека нема повредени, но од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички возила – „мерцедес“ и „шкода фабија“ кои биле паркирани во дворот. Според полицијата, најверојатно …

Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Ѓорче Петров Read More »

Украсни светилки причина за пожарот во кој загина жена


Пожарот во кој вчера од задушување почина жена во Ѓорче Петров најверојатно бил предизвикан од украсни сијалички на новогодишна елка. Полицијата денеска соопшти дека вчера околу 17:00 часот од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека при гасење на пожар во стан на ул. „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело на …

Украсни светилки причина за пожарот во кој загина жена Read More »

Жена почина од задушување во пожар во Ѓорче Петров


Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не се опожарени …

Жена почина од задушување во пожар во Ѓорче Петров Read More »