Украсни светилки причина за пожарот во кој загина жена


Пожарот во кој вчера од задушување почина жена во Ѓорче Петров најверојатно бил предизвикан од украсни сијалички на новогодишна елка.

Полицијата денеска соопшти дека вчера околу 17:00 часот од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека при гасење на пожар во стан на ул. „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело на Ј.А. (62).

Како што се наведува, со пожарот, кој наверојатно настанал од украсни сијалички на новогодишна елка, била опожарена дневната соба. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.