Скопјанец прегазил две старици во Ѓорче Петров


Дваесет и петгодишен скопјанец со својот „мерцедес“ прегазил две постари лица во населбата Ѓорче Петров.

Од МВР известуваат дека на 17.3.2018 година во 12:50 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици управувано од Л.Ј. (25) од Скопје удрило во пешаците Т.К. (79) и Р.А. (82), двата од Скопје.

Т.К. со возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа била пратена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.