Убиство во Ѓорче Петров


Тело на безживотно лице вечерва е пријавено во полиција, потврдуваат од МВР.  Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи случајот бил пријавен вечерва околу 21:40 часот.

Телото е најдено на улицата Шарпланинска, како лежи без знаци на живот и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дела е сопственост на Д.Н. (65).

Засега не е познат идентитетот на лицето.

Медиумите неофицијално јавуваат дека се работи за убиство.

Полициски екипи се на терен и вршат увид, а за случајот известен е јавен обвинител.