САД месечно ќе примаат и до 30 илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела


До 30.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела месечно ќе примаат САД, додека се заоструваат ограничувањата за тие кои сакаат да влезат илегално, изјави висок американски функционер. – Тие мерки ќе ги прошират и забрзаат правните патишта за уредна миграција и ќе резултираат со нови последици за тие кои нема да ги користат тие …

САД месечно ќе примаат и до 30 илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела Read More »

Првата зимска бура во САД донесе снег, дожд и торнада


Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата. Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на …

Првата зимска бура во САД донесе снег, дожд и торнада Read More »

Хаос меѓу републиканците во САД – не можат да изберат спикер на Претставничкиот дом


  ВАШИНГТОН – Републиканците во Претставничкиот дом на САД ќе го отворат вториот ден од новиот Конгрес слично како и првиот – со лидерот Кевин Мекарти кој се обидува да стане претседател на Домот и покрај поразот во неколку круга гласање што го фрли новото мнозинство на Републиканската партија во хаос. Тоа беше прв пат …

Хаос меѓу републиканците во САД – не можат да изберат спикер на Претставничкиот дом Read More »

Анкета: Приближно 80 отсто од Американци очекуваат економски проблеми во 2023 година


Голем дел од Американците очекуваат економски тешкотии и во новата година, откако високите трошоци за живот и инфлацијата ја влошија 2022 година, покажуваат денеска објавените резултати од најновата анкетата на Галуп. Речиси 80 отсто од испитаниците очекуваат дека новата година ќе донесе поголеми економски тешкотии од 2022 година, а две третини од нив предвидуваат голем пораст на цените, покажува истражувањето …

Анкета: Приближно 80 отсто од Американци очекуваат економски проблеми во 2023 година Read More »

САД се загрижени поради усогласувањето на Кина со Русија


САД се загрижени за усогласувањето на Кина со Русија додека Москва ја продолжува својата инвазија врз Украина, соопштија САД откако рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг одржаа видео средба. Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека Пекинг тврди дека е неутрален, но неговото однесување јасно покажува дека сè уште инвестира во блиски врски со Русија, објави британскиот весник …

САД се загрижени поради усогласувањето на Кина со Русија Read More »

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си. Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка. …

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи Read More »

Американските авиокомпании откажаа илјадници летови поради смртоносната зимска бура


  Силната зимска бура што ги зафати САД предизвика откажување на илјадници летови за време на долгиот божиќен викенд. Вкупниот број на откажувања денеска изнесува 2.767. Доцнеле 5.319 летови. Според веб-страницата за следење летови FlightAware, само Southwest Airlines откажала 725 летови, а 103 летови биле одложени. Во петокот беа откажани 1.238 летови на Southwest. China Eastern Airlines …

Американските авиокомпании откажаа илјадници летови поради смртоносната зимска бура Read More »

Нестварни слики од „најлошата од најлошите снежни бури“ некогаш забележана


  Милиони луѓе останаа заковани во длабокиот мраз во неделата за време на зимската бура која уби најмалку 25 луѓе ширум Соединетите Држави и се очекува да однесе повеќе животи откако зароби некои жители во куќите со големи снежни наноси и ја прекина струјата на неколку стоици илјади домови и деловни објекти. Фотографииве што ги …

Нестварни слики од „најлошата од најлошите снежни бури“ некогаш забележана Read More »

„Божикен пекол“ во САД: Гигантска зимска бура остави милиони без струја


  Зимската бура која синоптичарите ја нарекоа „Елиот“ во петокот се засили во цилонска бомба во близина на Големите езера на САД, носејќи силни ветрови и услови за снежна бура од северните рамнини до западниот и северниот дел на Њујорк, заедно со опасни по живот поплави, замрзнување и патувачки хаос. Откажувањето на авиокомпаниите надмина 5.700 …

„Божикен пекол“ во САД: Гигантска зимска бура остави милиони без струја Read More »

(Видео) Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45, се очекува хаос


  Илјадници летови се откажани откако американските метеоролози вчера предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во средниот и источниот“ дел на земјата, кои би можеле да создадат широки нарушувања во сообраќајот за време на празниците. „Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа3, порача американскиот претседател Џо Бајден. Spectacular …

(Видео) Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45, се очекува хаос Read More »

Студен бран кој се случува „еднаш во генерација“: Голема зимска бура во САД, температури од минус 45 степени


Големата зимска бура што ќе ги погоди САД оваа недела би можела на делови од земјата да го донесе најстудениот Божиќ во последните четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран „еднаш во генерација“ што започна на северозападниот дел на Пацификот во вторникот пред да се пресели на исток ќе стане „циклон на бомби“ до петок, јавува …

Студен бран кој се случува „еднаш во генерација“: Голема зимска бура во САД, температури од минус 45 степени Read More »

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип


  Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата. Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број …

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип Read More »

САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“


САД ќе ѝ испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да и помогнат во спротивставувањето на воздушните напади на Москва, објави Стејт департментот. – Денешната помош за првпат вклучува систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно …

САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ Read More »

САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред руските закани


  САД го обвинија генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш дека „очигледно попуштил пред руските закани“ и оти не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија, за кои Вашингтон тврди дека се од Иран. Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакна дека со испораката на …

САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред руските закани Read More »

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на …

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава Read More »

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД


 Две лица загинаа во невремето проследено со снежни виулици и урагански ветрови што го зафатија централниот дел на САД. Мајка и син загинале во шумската област Китвил, во централниот дел на сојузната држава Луизијана. Според полицијата, момчето било пронајдено една милја од неговиот дом во областа Китвил, додека неговата мајка исто така била пронајдена мртва …

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД Read More »

Големи зимски бури и торнада во САД: „Ова се случува еднаш во пет години“


  Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави погодени се од снежни бури и силни ветрови, додека низ земјата стигнуваат предупредувања за зимски временски услови. Силната зимска бура продолжува да се движи од едниот до другиот брег на САД, од запад кон исток, а веќе предизвика големи снежни врнежи во Калифорнија, додека прогнозите покажуваат …

Големи зимски бури и торнада во САД: „Ова се случува еднаш во пет години“ Read More »

Инфлацијата во САД се зголеми помалку од очекуваното


  Потрошувачките цени во САД едвај пораснаа во ноември, благодарение на падот на цените на бензинот и половните автомобили, што резултираше со најмал годишен пораст на инфлацијата во речиси една година. Ова може да ѝ даде причина на Федералните резерви да започне со намалување на опсегот на зголемување на референтната каматна стапка на седницата во …

Инфлацијата во САД се зголеми помалку од очекуваното Read More »

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, поради корупција и повреда на човековите права


На Меѓународниот ден за борба со корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права, а со санкции и визни ограничувања за 65 лица и ентитети од 17 земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон. …

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, поради корупција и повреда на човековите права Read More »

Сенаторката од Аризона, Синема, ги напушти демократите и се регистрира како независна


  Сенаторката од Аризона, Кирстен Синема, ја напушта Демократската партија на САД и се регистрира како политички независна, изјави таа за Џејк Тапер на Си-Ен-Ен во ексклузивно ТВ-интервју. „Се регистрирав како независна од Аризона. Знам дека некои луѓе можеби ќе бидат малку изненадени од ова, но всушност, мислам дека има многу смисла“, рече Синема во …

Сенаторката од Аризона, Синема, ги напушти демократите и се регистрира како независна Read More »