(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си.

Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка.

Марк Полонкарз, челник на округот Ерие, чие седиште е во градот Бафало, изјави дека бројот на смртните случаи поврзани со бурата во округот се искачил за 14 во текот на ноќта, што ги вклучува и оние пронајдени во снежните наноси, во сбвоите автомобили или кои умреле од срцеви проблеми во текот на њсилните ветришта и снежните наноси.

Пријавени се повеќе смртни случаи, вели полонкарс, но окружен медицински истражител се обидува да утврди дали може тие директно да се припишат на бурата.

„Запознат сум со дополнителни тела кои се извлечени и кои се довезуваат во нашата привремена мртовечница. Имавме толку тела по разни болници, кои се полни и мора да провериме дали поединци умреле како последица на бурата. Тоа е едноставно ужасна, ужасна ситуација“, вели тој.

Полицискиот комесар на бафало Џозеф Грамаљиа вели: „За жал, уште извлекуваме тела“.

Според „Ен-би-си њус“, поради последица на временските непогоди и арктичкото студенило кои за викендот погоди поглеми делво од САД, досега во целата земја смртно настрадаа најмлаку 60 луше, што ги вклучува и загинатите во сообраќајки.

Бајден најави помош

Претседателот на САД Џо Бајден, објави во понеделникот на Твитер дека разговарал со Хочул и дека неговата администрација ќе помогне во покривањето ан големите трошоци поврзани со спасување и опоравување од бурата.

„Моето срце е со оние кои ги изгубија своите сакани во овој празничен викенд“, напиша Бајден.

Стотици припадници на националната гарда во понеделникот со локалните итни служби и полицијата спасуваа и им помагаа на луѓето заробени во домовите или автомобилите.

Во Бафало и понатаму е на сила забраната за возење, а илјадници луѓе во округот Ерие добија струја повторно, додека уште 14.000 сеѐ уште се без струја.

Ова е најсилната бура во последните 45 години за Бафало, при што во понеделникот на аеродромот се измерени 127 см снег.

Некои продавници кои беа затворени, повторно се отворени, затоа што луѓето се принудени со километри да пешачат за да стигнат до намирници.

Гувернерката на Њујорк кејти Хочул, изјави дека оваа бура ќе влезе како „бура 22“ во историјата, рангирана како најлоша од 1977 година, кога загинаа 30 луѓе.

Смртни случаи од невремето беа пријавени и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.