САД се загрижени поради усогласувањето на Кина со Русија


САД се загрижени за усогласувањето на Кина со Русија додека Москва ја продолжува својата инвазија врз Украина, соопштија САД откако рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг одржаа видео средба.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека Пекинг тврди дека е неутрален, но неговото однесување јасно покажува дека сè уште инвестира во блиски врски со Русија, објави британскиот весник „Гардијан“.

Портпаролот на Белата куќа додаде дека Вашингтон внимателно ги следи активностите на Пекинг.