Големи зимски бури и торнада во САД: „Ова се случува еднаш во пет години“


 

Околу 15 милиони луѓе во десетина американски држави погодени се од снежни бури и силни ветрови, додека низ земјата стигнуваат предупредувања за зимски временски услови.

Силната зимска бура продолжува да се движи од едниот до другиот брег на САД, од запад кон исток, а веќе предизвика големи снежни врнежи во Калифорнија, додека прогнозите покажуваат дека е на пат да зајакне.

Метеоролозите предупредуваат дека бурата може да предизвика услови опасни по живот со ледено невреме на горниот среден запад и со силни бури по должина на Мексиканскиот залив. На некои подрачја се очекува и половина метар снег, со ветрови доволно силни да откорнат дрвја и да предизвкаат снемување струја.

Истовремено, јужниот дел на земјата е погоден од торнада со силни грмотевици и град. Најмалку пет торнада се потврдени во Тексас, додека ледените бури се надвиваат над југозапад на САД, а ветровите достуигнуваат брзина од 200 км/ч.

Метеоролозите зборуваат за „бура која се појавува еднаш на пет години“, а нејзино смирување не се очекува до крајот на неделата. Повеќето патишта од Небраска до Колорадо се затворени, извести Одделот за сообраќај.

„Оштетени се неколку објекти. Срушени се електрични далноводи и дрвја“, соопштија од канцеларијата на шерифот. „К-9 тимовите, пожарникари и доброволци ги пребаруваат урнатините и подраќјата барајќи исчезнати“.

На сила се предупредувања за виулици и мраз на северниот и средишен дел на САД. Повечето државни и јавни институции во Јужна Дакота беа затворени денеска поради бура и снег, со замрзнат дожд и силни ветришта, а падна речиси половина метар снег, кој ги затвори патиштата во целата држава.