(Видео) Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45, се очекува хаос


Железничката станица „Рузвелт“ во Чикаго

 

Илјадници летови се откажани откако американските метеоролози вчера предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во средниот и источниот“ дел на земјата, кои би можеле да создадат широки нарушувања во сообраќајот за време на празниците.

Патници чекаат летови

„Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа3, порача американскиот претседател Џо Бајден.

Поради снежната арктичка зимска бура издадени се предупредувања за повеќе од 135 милиони луѓе. Подрачјето кое ќе ги почувствува последиците од зимската бура се протега се до Флорида и американско-мексиканската граница. Националната метеоролошка служба обајви дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата можни се температури од – 45 степени Целзиусови.

Ајова

Предупредија на голема опасност од смрзнатини кои настануваат поради намален проток на крв. Недостаток на топла крв може да доведе до смрзнување и пукање на тиквото, а во ниекои случаи и до ампутација. Метеоролозите велат дека зимската бура би можела да стане „циклонална бомба“.

Можност за поплави во Њујорк

Циклонална бомба е израз кој се користи кога бурата брзо зајакнува, при што притисокот на воздухот е најмалку 24 милибари во 24 часа. Се предвидува дека арктичката воздушна маса ќе донесе јаки удари на ветрот и температура од -9,4 степени во Ел Пасо, тексас, каде бројни мигранти без документи спијат на улица.

Гувернерката на државата Њујорк, Кејти Хочул прогласи вонредна состојба пред бурата. Хочул изјави дека постои опасност од застој во протокот на вода, до што доаѓа кога големи парчиња мраз го блокираат текот на реката, што може да предизвика поплави. Гувернерите на Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома, исто така, прогласија вонредна состојба, пренесе Би-би-си.

Авион пред полетување

Ова не смее лесно да се сфати

Прогностичарите претпоставуваат дека рекордно студеното време и студениот ветар денеска ќе се прошири на источниот брег, при што може да дојде до значителни врнежи и смрзнување во делови од западен Орегон и Вашингтон.

Крис Вос, директор на управата за итни случаи во округот Малтнома во Огерон, вели дека најголема грижа им задава вртоглавиот пад на температурите, кои се очекува да бидат за 4 степени пониски од вообичаено.

„Пацифичкиот северозапад навистина бележи исклучително ниски температури. Мислам дека во своите седум и пол години живот на северозападот на Тихиот океан, а посебно овде во моето локално подрачје, не се сеќавам на конкретен случај со вакви ниски температури. Ова апсолутно не смее лесно да се сфати“, вели тој.

Патници на аеродромот во Чикаго, проверуваат дали нивниот лет е откажан

Екстремно струденото време посебно опасно за стоката

Екстремните временски услови се поклопија со почетокот на празничните патувања. Преоценките говорат дека речиси 113 милиони Американци планираат патување подолго од 80 км. Службарта за следење на летови FlightAware објави дека откажани се повеќе од 1.700 летови меѓу средата и петокот, вклучително и летовите за и од САД, пишува „гардијан“.

„Имавме одлична недела на благодарноста со минимални пречки. За жал, до Божик нема да биде така“, порача американскиот министер за сообраќај, Пит Батигиг.
Предупредувања за студен ветар и можности од смрзнување се проширија на поголемиот дел од Тексас, Луизијана и Алабама. Од Метеоролошкиот центар додаваат дека екстремно студеното време претставува опасност за стоката.

Тексас е пред предизвик
Бурата че ја тестира издржливоста на електричната мрежа во тексас откако стотици луѓе умреа во февруари 2021 година, кога бурата ја преоптовари мрежата, а милиони останаа без струја. Функционерите од Советот за електрична доверливост на Тексас рекоа дека оваа недела се уверени дека мрежата може да ги издржи условите и да одговори на зголемената потрошувачка.

На вчерашната прес-конференција републиканскиот гувернер Грег Абот искажа увереност дека Тексас сега може да му одолее на предизвикот.

„Мислам дека ќе се стекне довербата во следните неколку денвои затоа што луѓето ќе видат дека мрежите работат со леснотија покрај ниските температури“, вели Абот.