Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска потпиша договор со Бирото за регионален развој за набавка на две машини со висока технологија кои значително ќе придонесат за побрзо и поефикасно одржување на хигиената во општината. Како што соопштија од локалната самоупрваа, првата машина е мал паметен чистач со 0 загадување, наменета за чистење во урбаните …

Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување Read More »

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост


Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3 декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за лицата со попреченост во висина од 3.000 денари. Право на остварување на еднократна парична помош …

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост Read More »

Во кујните во училиштата од Карпош нема салмонела, каде е изворот треба да каже АХВ


Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен …

Во кујните во училиштата од Карпош нема салмонела, каде е изворот треба да каже АХВ Read More »

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош


Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.  Преку Регионалниот …

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош Read More »

Воведено зонско паркирање во Карпош – проверете колку ќе чини


ЈП „Градски паркинг“- Скопје известува дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош. -Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја …

Воведено зонско паркирање во Карпош – проверете колку ќе чини Read More »

Дел од Општина Карпош утре без струја


Во текот на утрешниот ден, без електрична енергија останува дел на Општина Карпош. Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Драган Спиркоски Максо во Општина Карпош. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од …

Дел од Општина Карпош утре без струја Read More »

Утре прекин на водата во дел од Општина Карпош


ЈП Водовод и Канализација ги известуваат жителите на Општина Карпош дека на ден 27.09.2023 година (среда) поради дефект на затворач „ф100 мм“ на ул. „Ванчо Мицков бр.97“ ќе има прекин на водоснабдувањето кај корисниците на дел од ул. „Ванчо Мицков“ и дел од ул. „Демир Трајко“ од 09:00 до завршување на интервенцијата.

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош


Денеска започнаа градежните активности на затворениот базен во рамки на спортската сала „Наум Наумовски Борче“, попозната како „Партизан“ во Карпош 4. Како што информираат од Општина Карпош, увид во градежните активности денеска  направија градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. -По многубројните инвестиции …

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош Read More »

Нов објект за 100 деца во рамки на градинката „Орце Николов“


За 100 дечиња е зголемен капацитетот на градинката „Орце Николов“, најстарата градинка во државата, која досега во нејзините објекти, згрижуваше околу 350 деца. Оваа градинка била отворена уште во 1945 година, под името „Први стапки”, во првиот скопски реон, како Јавна установа општинска детска градинка Орце Николов – Карпош во Скопје. Таа лани одблежа 77 …

Нов објект за 100 деца во рамки на градинката „Орце Николов“ Read More »

И годинава ќе има дневен престој во училиштата во Карпош


Од Општина Карпош информираа дека и годинава во основните училишта ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение. – Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици …

И годинава ќе има дневен престој во училиштата во Карпош Read More »

Дел од општина Карпош без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Даскал Камче“ бр. 1А, првиот влез кон улица „Рузвелтова“, Општина Карпош. Во периодот од 8:30 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Призренска“ крак 2, поточно објектите во околината на фирмата Серта …

Дел од општина Карпош без струја Read More »

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради со точка од ДУП. Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат. …

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат Read More »

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради


„Во среда, 5 јули, Стевчо Јакимовски на седница на Советот на Општина Карпош ќе направи напор да го смени деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, и ќе се обиде детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да ги претвори во згради“, алармираат жители на Козле, гневни на градоначалникот и на општинските власти. …

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради Read More »

Општина Карпош доделува десет стипендии за Меѓународниот балкански универзитет


Општина Карпош во соработка со приватниот Меѓународен балкански универзитет (МБУ) во Скопје доделува десет стипендии за редовни студенти за учебната 2023/2024 година. Според утврдените критериуми, право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои ќе запишат редовни студии на приватниот МБУ во Скопје, а се од подрачјето на општина Карпош. Во случајов, Меѓународниот балкански универзитет во Скопје …

Општина Карпош доделува десет стипендии за Меѓународниот балкански универзитет Read More »

Карпош се поднови со опрема за уредување на просторот – поради дождовите има бујна вегетација


Според предвидените програмските активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош, деновиве пристигна дел од техничката опрема која ќе биде предадена за употреба на општинските служби, кои се задолжени за одржување на јавната хигиена и зеленилото на територија на локалната самоуправа.  – Хигиената во општина Карпош е подигната на највисоко можно ниво, …

Карпош се поднови со опрема за уредување на просторот – поради дождовите има бујна вегетација Read More »

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“, „Осло“, „Лубица Горгиева“, „Урош Ѓорѓевиќ“, „Софиска“, „Бриселска“ и „Његошева“ во Општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 100-мм на ул.„Будимпештанска“ бр.17а. Жителите ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата. 

Нови 120 дрвца во општина Карпош


Нови 120 дрвца ќе бидат засадени деновиве на повеќе локации во општина Карпош. Дрвцата ќе бидат засадени во рамки на редовната пролетна акција што традиционално ја организира Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош. -Општината од својот буџет обезбеди финансиски средства во вкупен износ од 1.400.000 денари со кои ќе бидат набавени листопадни …

Нови 120 дрвца во општина Карпош Read More »

Јавен повик од Општина Карпош за субвенционирање на поправака на покриви на згради и куќи


Општина Карпош денеска објави Јавен повик кој ги содржи правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на азбестни покриви на индивидуалните станбени објекти (куќи), на територија на локалната самоуправа, известуваат од општината. За таа цел, локалната самоуправа од својот …

Јавен повик од Општина Карпош за субвенционирање на поправака на покриви на згради и куќи Read More »

Извршен увид за двојното убиство во Карпош


  Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години. Од ОЈО Скопје соопштија дека …

Извршен увид за двојното убиство во Карпош Read More »

Нови фасади и паркинзи на дел од Карпош


Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу. Решен е повеќе деценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата „Јуриј Гагарин“. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација. Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата „Јуриј Гагарин“. – …

Нови фасади и паркинзи на дел од Карпош Read More »