И годинава ќе има дневен престој во училиштата во Карпош


Фото: Б. Богдановска

Од Општина Карпош информираа дека и годинава во основните училишта ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение.

– Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти – велат од Карпош.