Утре прекин на водата во дел од Општина Карпош


ЈП Водовод и Канализација ги известуваат жителите на Општина Карпош дека на ден 27.09.2023 година (среда) поради дефект на затворач „ф100 мм“ на ул. „Ванчо Мицков бр.97“ ќе има прекин на водоснабдувањето кај корисниците на дел од ул. „Ванчо Мицков“ и дел од ул. „Демир Трајко“ од 09:00 до завршување на интервенцијата.