(Видео)Абазовиќ не наздрави за победата на Милатовиќ


Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ со својот потег ја насмеа јавноста во регионот. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од несмасната реакција на Абазовиќ за време на синоќешната прослава на победата на Јаков Милатовиќ како претседател на Црна Гора. Во тој момент во штабот на Милатовиќ се славеше по објавувањето на резултатите, а се пиеше …

(Видео)Абазовиќ не наздрави за победата на Милатовиќ Read More »

Сана Марин претрпе пораз на изборите во Финска


  Премиерката на Финска, Сана Марин, ја загуби битката да остане на власт откако нејзината централно-левичарска Социјалдемократска партија (СДП) беше тесно победена и го освои третото место на изборите зад нејзините конзервативни и екстремно десничарски ривали. Резултатите од изборите се неверојатно тесни – со сите пребројани гласови во неделата, десничарската партија Национална коалиција (НЦП) освои …

Сана Марин претрпе пораз на изборите во Финска Read More »

Изборите во Бугарија пак без јасен победник; ќе се оди ли на шесто гласање?


  Иста мета исто растојание: И денешните избори во Бугарија, петти по ред за последниве две години, ја оставија државата парализирана, затоа што граѓаните не се определија за јасен победник. Ситуацијата е толку изденачена што некои агенции во излезните анкети велат дека победила коалицијата на Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија (ПП-ДБ), додека други наведуваат …

Изборите во Бугарија пак без јасен победник; ќе се оди ли на шесто гласање? Read More »

Излезноста до 15 часот во Бугарија – 27,27 отсто, во Црна Гора – 48,97 отсто


Заклучно со 15 часот излезноста на гласачите на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто, а најмал одзив на гласачите има во Сливен – 21,99 отсто, додека највисок е Софија – 34,59 отсто, изјави на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева. БТА потсетува дека до 11 часот излезноста на гласачите во Бугарија беше …

Излезноста до 15 часот во Бугарија – 27,27 отсто, во Црна Гора – 48,97 отсто Read More »

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ


Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ. Двајцата кандидати освоија …

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ Read More »

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години


Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник . И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто …

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години Read More »

Избори во Финска: Сана Марин во тесна трка да остане на власт


  Четири години откако стана најмладата премиерка на светот, Сана Марин од Финска се соочува со тешка битка да ја задржи својата работа во недела на непредвидливи избори, толку тесни што би можеле да ги добие која било од трите главни партии во земјата. Марин, кој сега има 37 години, ги презеде уздите на Социјалдемократската …

Избори во Финска: Сана Марин во тесна трка да остане на власт Read More »

Ѓукановиќ уверен во победа, без оглед на излезноста


Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека е уверен оти ќе победи во вториот круг од изборите на 2 април, без оглед на тоа колкава ќе биде излезноста и оцени дека Србија и Русија продолжуваат да се мешаат во изборните процеси и внатрешните политички состојби во Црна Гора. Гостувајќи на …

Ѓукановиќ уверен во победа, без оглед на излезноста Read More »

На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата


 Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката …

На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата Read More »

Изборна кампања во Бугарија: Уморни се и политичарите и граѓаните


  Изборите се за две недели. Кампањата e на половина пат. Тоа оди без особен ентузијазам и за партиите и за гласачите, што е разбирливо – ова е петта изборна кампања во последните две години. Анкетите уште еднаш покажуваат ќор-сокак во парламентот, без посебни изгледи за стабилна влада. Ова се чини дека зацртува уште едни …

Изборна кампања во Бугарија: Уморни се и политичарите и граѓаните Read More »

Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11 јуни


Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 11 јуни. Тој на прес-конференцијата посочи дека сите во Црна Гора се свесни за длабоката политичка и институционална криза, која е предизвикана пред се од неодговорноста и правниот авантуризам на актуелното парламентарно мнозинство, подготвено преку неуставно дејствување да ги оствари своите политички цели. „Како …

Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11 јуни Read More »

Амбасада на САД: На Црна Гора ѝ се потребни вонредни парламентарни избори


Амбасадата на САД во Подгорица изрази загриженост поради напорите на старото парламентарно мнозинство за формирање нова влада и оцени дека на Црна Гора и се потребни вонредни парламентарни избори. Во изминатите денови медиумите објавија дека премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, се обидува да ја реконструира владата на која парламентот и изгласа недоверба во август. …

Амбасада на САД: На Црна Гора ѝ се потребни вонредни парламентарни избори Read More »

Обединување на Македонија со Бугарија- главно предизборно ветување на Преродба


  Бугарската партија Преродба, која според анкетите може да освои до 12 отсто гласови на претстојните парламентарни избори во Бугарија, ќе собира гласови играјќи на „картата“ – обединување на Бугарија со Македонија. „Македонија е втората бугарска држава на Балканот и Преродба работи на обединување на двете државни формации во една заедничка држава. Патот до ова …

Обединување на Македонија со Бугарија- главно предизборно ветување на Преродба Read More »

Турската опозиција се подели пред изборите


  Лидерката на турската Добра партија, Мерал Акшенер, го изрази своето несогласување со кандидатурата на водачот на Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу, за претседателски кандидат, при што нејзиниот потег сигнализира раскол на опозицискиот сојуз. Акшенар, која е начело на партијата со десничарска идеологија, во своите изјави рече дека опозицискиот сојуз повеќе не ја одразува …

Турската опозиција се подели пред изборите Read More »

Избори во двата најголеми региони во Италија


  Тринаесет милиони Италијанци денеска и утре се повикани на гласање во двата најголеми региони, а овие покраински избори се сметаат за тест за екстремно десничарската влада формирана пред три месеци од премиерката Џорџа Мелони. Двата најнаселени региони на Апенинскиот Полуостров, Ломбардија со центар во Милано и Лацио, каде е и италијанскиот главен град е …

Избори во двата најголеми региони во Италија Read More »

Вучиќ дава оставка, распишува избори и се кандидира за друга позиција?


  Вонредни избори би можеле да се одржат во Србија во септември, дознава „Блиц“ неофицијлано од врвот на Српската народна партија. Овие сизнанија доаѓаат по остриот говор на лидерот на партијата и претседател на Србија Александар Вучиќ, на седница на врвот на партијата, за што пишува „Новости“. – Подобро да одиме во опозиција отколки партиските …

Вучиќ дава оставка, распишува избори и се кандидира за друга позиција? Read More »

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното. Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса доцна синоќа, објави Ројтерс. Благодарен сум на Бога …

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај Read More »

Бугарија оди на предвремени избори, петти во две години


Бугарите напролет ќе излезат на парламентарни избори по петти пат во две години, откако социјалистите денеска се откажаа од плановите за формирање нова влада. Социјалистите, кои имаа трета и последна шанса да формираат влада по изборите без победа на 2 октомври, рекоа дека направиле сериозни напори да добијат поддршка поставувајќи јасни национални приоритети, но не …

Бугарија оди на предвремени избори, петти во две години Read More »

Ќе биде ли 2023-та година на уставни измени, или на избори и уставни измени?


  Еден од главните предизвици што не очекува е процесот на евроинтеграција што за нас, покрај скринингот, реформите, справувањето со корупцијата, носењето на законите и енергетската криза, ќе значи и измена на Уставот и Преамбулата на Уставот. Не се знае кога Владата ќе донесе одлука за почеток на постапката за менување на Уставот, но за …

Ќе биде ли 2023-та година на уставни измени, или на избори и уставни измени? Read More »

Болсонаро ги оспори резултатите од претседателските избори во Бразил


  Бразилскиот претседател во заминување, Жаир Болсонаро, ги оспори резултатите од минатомесечните претседателски избори, што ги загуби од левичарскиот кандидат Луис Ињасио Лула да Силва, поради нерегуларности на некои избирачки места, се наведува во жалбата поднесена до федералниот Изборен суд. Британските медиуми пренесуваат дека претставници на десничарската коалиција на Болсонаро, која ја поднесоа жалбата, изјавија …

Болсонаро ги оспори резултатите од претседателските избори во Бразил Read More »