Вучиќ дава оставка, распишува избори и се кандидира за друга позиција?


 

Вонредни избори би можеле да се одржат во Србија во септември, дознава „Блиц“ неофицијлано од врвот на Српската народна партија.

Овие сизнанија доаѓаат по остриот говор на лидерот на партијата и претседател на Србија Александар Вучиќ, на седница на врвот на партијата, за што пишува „Новости“.

– Подобро да одиме во опозиција отколки партиските и приватните интереси да ни ја водат државата. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцени – рекол Вучиќ.

Најава за потполна промена на актуелната политичка панорама во државата настана во текот на сумирањето на неодамнешната седница на Народното собрание посветена на Косово. Вучиќ рече дека во партијата бил осамен во одбрана на државните интереси и дека покрај себе го имал само народот.

Вучиќ, исто така, рече дека му е „доста од расипани луѓе кои сакаат да се богатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на него при своите матни бизниси, а кога требало да се борат за државата и народот први вртеле грб“.

Вучиќ излагањето го завршил со зборовите: Ќе победи Србија.

Вучиќ беше премиер од 2014 година, се додека во 2017 година не беше избран за претседател на Србија.