Излезноста до 15 часот во Бугарија – 27,27 отсто, во Црна Гора – 48,97 отсто


Заклучно со 15 часот излезноста на гласачите на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто, а најмал одзив на гласачите има во Сливен – 21,99 отсто, додека највисок е Софија – 34,59 отсто, изјави на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева.

БТА потсетува дека до 11 часот излезноста на гласачите во Бугарија беше 8,97 отсто.

За споредба со претходните парламентарни избори од 2 октомври 2022 година, излезноста во 15 часот беше 25,58 отсто. 

ДИК: До 15 часот на изборите во Црна Гора излегле 48,97 отсто од избирачите

До 15 часот во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора гласале 265.488 гласачи или 48,97 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Никола Мугоша.

Според податоците на ДИК, во Андријевица до 15 часот гласале 56,68 отсто, во Бар 43,77, во Беране 51,37, во Бијело Поље 49,45, во Будва 48,83, во Цетиње 47,06, во Даниловград 57,72 отсто, Гусињу.

Во Хењрцег Нови гласале 45,77 отсто од гласачите, Колашин 60,46, Котор 45,37, Мојковац 60,23, Никшиќ 57,3, Петњица 34,3, Плав 39,03, Пљевља 59,74, Плужине 59,74 отсто, а во Подгорица 45,37 отсто.

Во Рожаје до 15 часот гласале 31,11 отсто од гласачите, во Шавник 73,16 отсто, во Тиват 46,48 отсто, во Тузи 25,48 отсто, во Улцињ 25,29 отсто, во Жабљак 56,81 отсто и во Зета 54,6 отсто.

Право на глас на избори имаат 542.154 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот.