Тинејџер ќе биде пријавен оти се заканувал на малолетничка


Во понеделникот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Берово извршија службен разговор со М.Ч.(19) од Беровско, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон малолетничка од Берово. Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тред ден закани за бомби на осум аеродроми во Франција, во тек е евакуација


Во Франција денеска беа испратени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави ТВ БФМ. Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје. И во претходните два …

Тред ден закани за бомби на осум аеродроми во Франција, во тек е евакуација Read More »

Маж со пиштол им се заканувал на двајца браќа во Гази Баба


Двајца браќа пријавиле дека вчера на подрачје на Гази Баба добиле закани од еден маж. – На 7 март 2023 во 17.45 часот во СВР Скопје, Ф.А.(33) од Скопје пријавил дека околу 16.20 часот на подрачјето на Гази Баба, Н.П. со пиштол упатил закани кон него и кон неговиот брат, информира МВР. Се преземаат мерки …

Маж со пиштол им се заканувал на двајца браќа во Гази Баба Read More »

Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите


Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода велешанецот А.А., на возраст од 31 година. Како информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, приведениот по кратка расправија, прво со остар предмет упатил закани кон неговите родители, а потоа се заканил дека со бензин ќе ја запали семејната куќа. Лицето било задржано во полициска …

Приведен млад велешанец, со нож им се заканувал на родителите Read More »

Пензиониран полицаец се заканувал дека ќе го убие министерот за внатрешни работи


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен …

Пензиониран полицаец се заканувал дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Read More »

Суд наложи уривање на фабриката за автомобили „Пакард“ во Детроит


Американските судски власти наложија уривање на градбите на некогаш познатата фабрика за луксузни автомобили „Пакард“ во Детроит, утврдувајќи дека објектите се во распаѓање и станале „опасност по јавното здравје“. Судијата на Окружниот суд, Вејн Брајан Саливан во наредбата вели дека перуанскиот сопственик на фабриката, Фернандо Палазуело и неговата компанија „Арт експрес Детроит“ мора да го …

Суд наложи уривање на фабриката за автомобили „Пакард“ во Детроит Read More »

Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а …

Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар Read More »

(Видео) Вооружен маж во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе


Полицијата во Лондон преговара со вооружен напаѓач, кој, како што пренесуваат светските медиуми, се заканува дека ќе убива луѓе. Припадниците на полицијата го опколиле црвениот автомобил во кој е забарикадиран Мажот, за кој се претпоставува дека е вооружен со пиштол. Утрово околу 9 часот полицијата е известена дека непознат човек во Кројдон злоупотребува жители и …

(Видео) Вооружен маж во Лондон се заканува дека ќе убива луѓе Read More »

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија


Пентагон се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“. Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка меѓу САД и Турција. Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен …

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија Read More »

Малолетник се заканувал дека ќе објави разголении фотографии од девојката


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(17) од село Голем Папрадник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во текот на декември 2018 година пријавениот во повеќе наврати се заканил на малолетна девојка, со која претходно бил во љубовна врска, дека доколку не му даде одредена сума на …

Малолетник се заканувал дека ќе објави разголении фотографии од девојката Read More »

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана


Англија– Британското Министерство за надворешни работи смета дека џихадистичката група Исламска држава (ИД) и натаму претставува потенцијална закана, иако повеќе нема територии под нејзина контрола. – Треба да се направат уште многу работи и не смееме да заборавиме каква закана претставува ИД. Дури и без територија, Исламската држава останува закана, се истакнува во соопштението на …

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана Read More »

Катица само се заканува или држи ас во ракавот


Ниту вчера не стивна бурата по најновите истраги што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кои се најдоа поранешни и актуелни кадри на ВМРО-ДПМНЕ, но и вицепремиерот Бујар Османи. Премиерот Зоран Заев и владата велат дека никој не е виновен додека не се докажат сомневањата, Зијадин Села побара итна смена на вицепремиерот, а самиот …

Катица само се заканува или држи ас во ракавот Read More »

Полицијата проверува кој и се заканувал на судијката Кацарска


Полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска е одобрено веќе две недели на барање на Кривичниот суд, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај …

Полицијата проверува кој и се заканувал на судијката Кацарска Read More »

Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник


Во Полициската станица Карпош вчера во 13:00 часот 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало. Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден и дека ќе и го одзел старателството врз …

Скопјанка добила закани од поранешниот љубовник Read More »