„Бекутан“ на „Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето


Познатиот бренд за детски производи „Бекутан“ денеска ја одбележа 45-годишнината од постоењето. „Бекутан“ располага со над 60 видови основни производи за нега на бебиња и повеќе од 100 различни форми на пакување. Сите производи се клинички тестирани од дерматолози во соработка со педијатри и неонатолози. Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов денеска откри интересен податок …

„Бекутан“ на „Алкалоид“ одбележа 45 години од постоењето Read More »

Мукаетов: Успехот на „Алкалоид“ се должи, пред сѐ, на квалитетот на луѓето кои работат во компанијата


    Првиот човек на „Алкалоид“, Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов во интервју за „Алџезеира Балканс“ (Al Jazeera Balkans) вели дека успехот на оваа наша реномирана фармацевтска компанија, се должи пред сѐ на квалитетот на луѓето кои работат во неа, на квалитетот на производите, адаптибилноста и на постојаните инвестиции. Компанијата „Алкалоид“ веќе …

Мукаетов: Успехот на „Алкалоид“ се должи, пред сѐ, на квалитетот на луѓето кои работат во компанијата Read More »

(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба


Проследете ја видео изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на церемонијата организирана деновиве од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, на која што „Алкалоид“ АД Скопје беше прогласена за водечки инвеститор во регионот.   Деновиве, по повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од …

(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба Read More »

„Алкалоид“, ја разбива банкарската „монотонија“ во топ пет најтргувани акции


Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за март 2023. Најинтересни за тргување биле акциите на четири банки – Комерцијална, НЛБ, скопската Стопанска и ТТК. Во друштвото е и „Алкалоид“, кој ја разбива банкарската „монотонија“ во топ пет најтргувани акции, пишува порталот „Пари“. Акцијата на Комерцијална банка е на челната позиција како најтргувана на македонскиот …

„Алкалоид“, ја разбива банкарската „монотонија“ во топ пет најтргувани акции Read More »

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и …

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш Read More »

„Алкалоид“ прогласен за водечки инвеститор во регионот


  По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански …

„Алкалоид“ прогласен за водечки инвеститор во регионот Read More »

Македонските таеквондисти со помош на „Алкалоид“ го трасираат патот за Олимпијадата во Париз


„Алкалоид“ АД Скопје стана спонзор на Македонската таеквондо федерација чии натпреварувачи ќе се борат да остварат олимписка норма и да ја израдуваат македонската јавност со нови олимписки и други спортски одличја, а македонскиот фармацевтски гигант продолжи да се докажува како општествено одговорна компанија. Поддршката беше официјализирана денеска на прес конференција во Скопје при што беше …

Македонските таеквондисти со помош на „Алкалоид“ го трасираат патот за Олимпијадата во Париз Read More »

Фондацијата  „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023


За петнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари. Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, …

Фондацијата  „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2022/2023 Read More »

„Алкалоид“ со продажби од над 178 милиони евра, инвестиции од 13,7 милиони евра и со 161 нови вработувања од јануари до септември годинава


Фармацевтската компанија „Алкалоид“ во пеиродот јануари – септември 2022 година оствари продажби од над 178 милиони евра, инвестираше 13,7 милиони евра и реализираше 161 нови вработувања во земјава, соопштија од компанијата.  Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2022 година продажбите достигнуваат 8.161.698.989 денари, што е за 14 % …

„Алкалоид“ со продажби од над 178 милиони евра, инвестиции од 13,7 милиони евра и со 161 нови вработувања од јануари до септември годинава Read More »

Шахистите на „Алкалоид“ шампиони во машка, „Центар“ во женска конкуренција


  Шаховскиот клуб (ШК) „Алкалоид“ ја освои титулата во машка, додека шахистките од МШК „Центар“ беа најуспешни во женска конкуренција на Државното првенство во екипна конкуренција кое се одржа во Струга во организација на Шаховската федерација на Македонија. Шахистите на „Алкалоид“ ја оправдаа фаворитската улога и ја одбранија титулата освојувајќи го првото место пред второпласираниот …

Шахистите на „Алкалоид“ шампиони во машка, „Центар“ во женска конкуренција Read More »

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека


Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека. -Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова …

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека Read More »

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија


  По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата. Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на …

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија Read More »

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“


Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку својата Програма за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со …

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“ Read More »

Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои ракометниот турнир во Нант


Пионерскиот тим на „Алкалоид“ освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција. „Алкалоид“ денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26. „Алкалоид“ на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби. Финале …

Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои ракометниот турнир во Нант Read More »

Германската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“


Делегација на германската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од генералниот директор и претседател на УО, Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и со производственото портфолио. …

Германската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ Read More »

„Алкалоид“ и на јужноамериканскиот пазар, регистриран лек во Чиле


„Алкалоид“ го шири своето портфолио на јужноамериканскиот пазар! Институтот за јавно здравје на Чиле (ISP) неодамна го издаде првото одобрение за ставање во промет лек произведен од „Алкалоид“ АД Скопје. Одобрението за ставање лек во промет се однесува на лек во форма на таблети, кој е наменет за краткотрајно лекување несоница кај возрасни. „Алкалоид“, поддржан …

„Алкалоид“ и на јужноамериканскиот пазар, регистриран лек во Чиле Read More »

Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода


Донација од 1.500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата во градинките обезбеди општина Кисела Вода од ,,Алкалоид” АД Скопје. Денеска, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Сирупите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент …

Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода Read More »

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања и со инвестиции од 219 милиони денари


Најголемата фармацевтска компанија во земјава, скопски „Алкалоид“ ги објави резултатите од работењето во првиот квартал годинава кои покажуваат раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции во износ од 219 милиони денари. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2022 година …

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 11 отсто, со 99 нови вработувања и со инвестиции од 219 милиони денари Read More »

Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош


Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош. Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата. Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош по …

Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош Read More »

Алкалоид добитник на наградите за Најтранспарентно котирано друштво и за Акција на годината


Традиционално на крајот на календарската година од страна на Македонска берза АД Скопје се доделуваат награди за најпрепознатливите и најактивните издавачи на хартии од вредност. Алкалоид АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2021 година и тоа во две категории, по избор на пазарни учесници и по избор на …

Алкалоид добитник на наградите за Најтранспарентно котирано друштво и за Акција на годината Read More »