Шахистите на „Алкалоид“ шампиони во машка, „Центар“ во женска конкуренција


 

Шаховскиот клуб (ШК) „Алкалоид“ ја освои титулата во машка, додека шахистките од МШК „Центар“ беа најуспешни во женска конкуренција на Државното првенство во екипна конкуренција кое се одржа во Струга во организација на Шаховската федерација на Македонија.

Шахистите на „Алкалоид“ ја оправдаа фаворитската улога и ја одбранија титулата освојувајќи го првото место пред второпласираниот ШК „Прилеп“ и ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“ на третото место.

Во женска конкуренција беше неизвесно до самиот крај и одлучуваше последното коло во кое МШК „Центар“ со триумф над директниот конкурент ШК „Алкалоид“ го освои шампионскиот пехар.

Конечен пласман:

Мажи – ШК Алкалоид, ШК Прилеп, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Куманово, ШК Гостивар, ШК Ан Пасан, ШК Фишер, ШК Стево Патако.

Жени – МШК Центар, ШК Алкалоид, ГШК Куманово, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Неготино, ШК Стево Патако, ШК Карпош.