Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои ракометниот турнир во Нант


Пионерскиот тим на „Алкалоид“ освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција.

„Алкалоид“ денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26.

„Алкалоид“ на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби.

Финале денес играше и сениорската екипа на „Алкалоид“. „Фармацевтите“ загубија од „Партизан“ и го освоија второто место на турнирот во „Трофеј Нови Београд“ на кој учествуваа и „Динамо“ Панчево и израелски „Ашдод“.