Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош


Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош.

Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата.

Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош по претходна Одлуката за донација бр. 09-439/28 од 31.01.2022 година и Договорот за донација склучен помеѓу Општина Карпош и Алкалоид АД Скопје изгласана од Советот на Општината.