Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода


Донација од 1.500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата во градинките обезбеди општина Кисела Вода од ,,Алкалоид” АД Скопје.

Денеска, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Сирупите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент за поддржување на детскиот раст и развој.

Еден дел од мутивитаминските сирупи беа доделени на семејства со деца кои се во социјален ризик.

Се работи за производ „бекутан“ кој содржи девет витамини кои ќе се искористат како превентивна мерка во насока на заштита на здравјето на децата.

Грижата за децата и нивната здравствена заштита, останува да биде во преден план на функционирањето на општина Кисела Вода, соопштија оттаму.