Се вратија македонските ученици затекнати од земјотресот во Турција


Информираме дека деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во дел подрачјата во Турција загрозени од последиците од земјотресот, утрово пристигнаа во Република Северна Македонија и се во добра здравствена состојба. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција. Веднаш штом беше идентификувана групата, …

Се вратија македонските ученици затекнати од земјотресот во Турција Read More »

Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош


 Пет авиони со хуманитарна помош испраќа Грција до Турција преку Европскиот механизам за цивилна заштита, по силниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.  Хуманитарната помош содржи здравствен и медицински материјал, како и 7.500 ќебиња, 1.500 кревети и 500 шатори. Ќе биде испратена со пет лета на грчката авиокомпанија „Ејџиан …

Грција испраќа во Турција пет авиони со хуманитарна помош Read More »

Македонските војници помагаат во Турција


Македонски војници веќе два дена помагаат во спасување жртви на силниот земјотрес што погоди делови од Турција и Сирија. „Македонските армиски припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните …

Македонските војници помагаат во Турција Read More »

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија


Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира …

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија Read More »

Снимка од дрон во Хатај ги покажува размерите на деструктивноста на земјотресот


Нова снимка направена од дрон над турската провинција Хатај, го покажува целиот ужас и деструктивноста на силните земјотреси во Турција. Градот е разорен по силниот земјотрес од 7,8 степени според Рихтер и последувателните кои надминуваат и пет степени. Хатај е турска провинција, на југоистокот од земјата, со популација од 1,6 милиони жители, според податоците на …

Снимка од дрон во Хатај ги покажува размерите на деструктивноста на земјотресот Read More »

Повеќе од 9.000 загинати во двата земјотреса во Турција и Сирија


Бројот на жртвите од разорниот земјотрес во Турција се зголеми на 6.957, соопшти Управата за вонредни состојби. Повредени се 38.224 лица, јави Анадолија. Тешко е да се потврди бројот на загинати во Сирија, но нејзините државни медиуми и спасувачките служби кои работат во северозападниот дел велат дека тој број надмина 2.500. Спасувачката група „Бели шлемови“, …

Повеќе од 9.000 загинати во двата земјотреса во Турција и Сирија Read More »

Холандскиот научник тврди дека Турција и денеска ја очекуваат силни земјотреси


Moжни се нови потреси во Турција, тврди холандскиот научник Френк Хогербетс. Тој претходно објави дека е можен силен земјотрес во Турција и Сирија. Сега вели дека има можност за нови потреси со јачина од 5-6 степени. „Прогноза: Месечевата геометрија може да предизвика силна сеизмичка активност во наредните денови, особено околу 8 февруари, најверојатно во опсегот на …

Холандскиот научник тврди дека Турција и денеска ја очекуваат силни земјотреси Read More »

Пожарникари од Кавадарци заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција


Девет пожарникари од Кавадарци ги прават последните подготовки и во најскоро време заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција. Оваа информација ја потврди за МИА Александар Чадамов, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица. – Заминуваме со две моторни возила и неопходна опрема. Обучени сме да помагаме во вакви ситуации. Според првичните најави, …

Пожарникари од Кавадарци заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција Read More »

Во Турција регистрирани 648 последователни земјотреси


По разорниот земјотрес од понеделникот во Турција, со магнитуда на ударот од 7,9 степени според Рихтеровата скала,  досега во земјата се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации. Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки …

Во Турција регистрирани 648 последователни земјотреси Read More »

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени


Бројот на загинати во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија сега изнесува 7.266, јави Скај Њуз пренесувајќи го најновиот биланс. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека само во Турција починале 5.434 лица. Тој информира дека во Турција се повредени најмалку 31.777 лица. Во Сирија, најмалку 3.849 лица се повредени од кои најмалку …

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени Read More »

Италијански сеизмолог: Земјотресот ја помести Турција за три метри


Претседателот на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, Карло Дољони изјави дека движењето на тектонските плочи го предизвикало земјотресот во Турција и ја поместил територијата на таа земја за три метри. „Она што ние го нарекуваме Арапска плоча се помести за три метри во правец североисток-југозапад во однос на анадолската плоча“, рече Долјони, додавајќи дека има …

Италијански сеизмолог: Земјотресот ја помести Турција за три метри Read More »

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија


Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија. За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: – 500.000 денари финансиска помош за настраданото население …

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија Read More »

Не престануваат страшните вести од Турција: Позната спортска двојка пронајдена мртва во урнатините


  Ужасните вести од Турција продолжуваат да пристигнуваат, а една од најновите во низата е дека одбојкарката Бетул Чобан Чакир и одбојкарот Бедретин Чакир, кои беа во брак, загинаа во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција. Меѓу урнатините се пронајдени телата на брачната двојка.           View this post on Instagram   …

Не престануваат страшните вести од Турција: Позната спортска двојка пронајдена мртва во урнатините Read More »

Татко ја држи раката на мртвата 15-годишна ќерка затрупана под урнатините


  Бројот на загинати во двата разорни потреси кои вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија порасна на 5.100, а десетици илјади се повредени. Потресите зад себе оставија илјадници луѓе без покрив над главата затоа што се срамнети со земја цели станбени блокови. Спасувачите се во трка со времето. Бројот на мртви …

Татко ја држи раката на мртвата 15-годишна ќерка затрупана под урнатините Read More »

Тимови за заштита и составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција


Тимови за заштита и спасување составени од 40 лица, се упатени во реонот погоден од земјотрес во Турција, Газиантеп, соопшти Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. – Упатени се вкупно 40 лица, професионалци, од различни градови и од различни тимови за спасување од урнатини, од високи објекти, коишто со возила и опрема …

Тимови за заштита и составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција Read More »

Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (видео)


Веќе втор ден беснее голем пожар што избувна во делот на пристаништето во градот Искендерун погоден од земјотресот во југоисточна Турција, јавува АП. Телевизиските снимки денеска покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, пренесе американската агенција. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Турската државна …

Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (видео) Read More »

Катастрофална состојба во Сирија: „Децата ми се под урнатините, нема кој да ги спаси“


Санлиурфа, историски град на југоистокот на Турција, разорен е во низата големи земјотреси, кои однесоа повеќе од 4.900 животи во главно курдските региони на земјата и во соседна Сирија. Преживеаните во потресот што ја погоди Турција и Сирија ги наслушнуваат криковите во надеж дека ќе дојдат до заробените под урнатините. „Под урнатините е семејство кое …

Катастрофална состојба во Сирија: „Децата ми се под урнатините, нема кој да ги спаси“ Read More »

Турција прогласи седумдневна жалост


 Турција прогласи седумдневна национална жалост по смртоносните земјотреси кои погодија неколку јужни провинции, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. – Поради земјотресите што се случија во нашата земја на 6 февруари, прогласена е национална жалост во траење од седум дена. Нашето знаме ќе биде на половина копје до зајдисонце во недела на 12 февруари во целата …

Турција прогласи седумдневна жалост Read More »

Земјите од регионот праќаат спасувачи во Турција


Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, вечерва или најдоцна уштре испраќаат тимови спасувачи да им помогнат на туските колеги по силниот земјотрес, во кој досега загинаа повеќе од 2.300 луѓе. Триесетина српски спасувачи вечерва заминуваат за Турција Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва нареди 27 припадници на специјалистичката единица на Министерството за внатрешни работи да бидат …

Земјите од регионот праќаат спасувачи во Турција Read More »

Македонија праќа лекари, спасувачи, лекови, опрема и 100.000 евра помош за Турција


Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети. Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на …

Македонија праќа лекари, спасувачи, лекови, опрема и 100.000 евра помош за Турција Read More »