Катастрофална состојба во Сирија: „Децата ми се под урнатините, нема кој да ги спаси“


Санлиурфа, историски град на југоистокот на Турција, разорен е во низата големи земјотреси, кои однесоа повеќе од 4.900 животи во главно курдските региони на земјата и во соседна Сирија.

Преживеаните во потресот што ја погоди Турција и Сирија ги наслушнуваат криковите во надеж дека ќе дојдат до заробените под урнатините.

„Под урнатините е семејство кое го познавам. Пријателката до 11 часот утрото ми одговараше на телефон, но повеќе не одговара, мислам дека батеријата ѝ се изпразнила“, вели Омер Ел Кунејд од разорениот град Санлиурфа за „Гардијан“.

На патиштата низа автомобили, возат кон северот на градот, однесувајќи ги трауматизираните жители далеку од местото на најсилниот земјотрес во Турција во последните децении. Покрај патот по замрзнат дожд оди избезумено семејство, туркаат количка и бараат засолниште во кое ќе ја поминат ноќта.

Непознат број луѓе под урнатините

Серијата земјотреси урна илјадници згради во Турција и Сирија. Повредени се десетици илјади луѓе, а колку луѓе се заробени под урнатините, не се знае. На еден од главните булевари во Санлиурфа десетици спасувачи бараат преживеани меѓу остатоците од некогашната седмокатница.

Познато е дека најмалку 30 луѓе починале само во оваа покраина, каде 200 згради се урнаа по првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер и вториот поголем со јачина од 7,7 степени. Освен нив, тлото се тресе од земјотреси со јачина околу 5 и 4 степени кои не се занемарливи, а и се случуваат на неколку минути. Епицентарот на земјотресот беше во турската покраина Караманмарис.

Во Адана, повеќе од 350 километри западно, спасувачите и цивилите непрестано трагаат по преживеани. Некои од нив користеа електрични пили за да ги пресечат остатоците и да им овозможат на преживеаните да излезат и да бидат спасени. Во потрагата се служат и со багери.

„Гледавме како се урна зграда со сите внатре“

Низ Турција и Сирија илјадници спасувачи, пожарникари, медицинари, војници и цивили работат на спасување и пронаоѓање преживеани. Во Идлиб, на северозападот на Сирија, новинарот Мохамед Казмоз за „Гардијан“ рече дека побегнал со своето семејство во мракот пред зората, додека земјотресот го тресел градот.

 

„Гледавме како се урна зграда со сите внатре, претходно беше изложена на бомбардирање во текот на граѓанската војна од страна на руските и сириските владини сили. Сите околу нас се во страв и паника и излегоа на улица, само со облека на нив, оставајќи ги своите домови и сите работи што ги имаат“, вели тој.

Тој помина 12 часа, заедно со членовите на сириската хуманитарна волонтерска организација Бели кациги , помагајќи им во отсранувањето ан телата на мажи, жени и деца од урнатите згради во неговото соседство. „Ова е крај на светот“, вели тој.

„Каде се земјите од светот? Зошто никој не дојде да ни помогне?“

Вели дека неговиот град, оштетен од години војна, суша и глад, едноставно не може да се носи со оваа катастрофа. „Нашите служби веќе се многу ослабени, меѓу кои и здравствените и итните служби. Не може да го следат бројот загинати и повредени, како ни размерите на оваа катастрофа. Повеќето болници и медицински центри објавија дека не може да примаат повеќе пациенти, поради огромниот број мртви и повредени“, додава тој.

Во пограничниот град Јинидир, Али Бател моли за помош.

„Моето семејство и моите деца уште се под урнатините. Нема кој да ги спаси, нема помошни работници, нема поддршка, ни комуникација, нема ништо. Слушаме бучава, гласови одвреме-навреме, но повечето време нема ништо. Нема кој да помогне да ги спасиме, нема поддршка. Гаде се земјите од светот? Зошто не дојдоа да ни помогнат?“, вели Бател.

Осама Абдел, Хамид, еден од преживеаните во Сирија, вели дека неговото семејство спиело кога почнал земјотресот. „Ѕидовите се уриваа преку нас, но мојот син успеа да излезе“, вели тој за „Гардијан“.

Бројот на мртви во земјотрсите засега изнесува повеќе од 4.900. Се очекува тој број да порасне.