Холандскиот научник тврди дека Турција и денеска ја очекуваат силни земјотреси


Moжни се нови потреси во Турција, тврди холандскиот научник Френк Хогербетс. Тој претходно објави дека е можен силен земјотрес во Турција и Сирија. Сега вели дека има можност за нови потреси со јачина од 5-6 степени.

„Прогноза: Месечевата геометрија може да предизвика силна сеизмичка активност во наредните денови, особено околу 8 февруари, најверојатно во опсегот на магнитуда од 6 степени. Постои мала можност за поголем сеизмички настан. Земјотресите ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат магнитуда од 5 или 6 степени“, пишува Хогербетс.

Вчера и денеска имаше речиси 650 потреси во Турција и соседната Сирија. 

„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Најголема наша утеха е што досега под урнатините спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Многу земји се мобилизираа за помош на Турција и Сирија.