Татко ја држи раката на мртвата 15-годишна ќерка затрупана под урнатините


 

Бројот на загинати во двата разорни потреси кои вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија порасна на 5.100, а десетици илјади се повредени.

Потресите зад себе оставија илјадници луѓе без покрив над главата затоа што се срамнети со земја цели станбени блокови.

Спасувачите се во трка со времето. Бројот на мртви расте со голема брзина. Луѓето се заробени под урнатините каде им се заканува смрт од студеното време, глад или повреди.

Освен со постојаните потреси, спасувачите се борат и со студеното време.

Една од најпотресните фотографии стигна од уништениот град Караманмарас. Масут Ханцер ја држи за рака својата 15-годишна ќерка. Таа лежи мртва на кревет, затрупана под урнатините. Не е можно да се извлече.