Не престануваат страшните вести од Турција: Позната спортска двојка пронајдена мртва во урнатините


 

Ужасните вести од Турција продолжуваат да пристигнуваат, а една од најновите во низата е дека одбојкарката Бетул Чобан Чакир и одбојкарот Бедретин Чакир, кои беа во брак, загинаа во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.

Меѓу урнатините се пронајдени телата на брачната двојка.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Merinos Voleybol (@merinosvoleybol)

„Нашата болка е голема… Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која потекнува од нашиот тим и со години на најдобар начин го претставуваше нашиот клуб, и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Посакуваме божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, рајот нека биде вашето место…“, соопштија од клубот каде што одбојкарката играше „Меринос одбојка“.
Таа имаше само 27 години, а тој беше две години постар и играше во „Халкбанк“.