Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното


 Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа денеска со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“. Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија – Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија …

Протести на српските земјоделци – владата не го исполни ветеното Read More »

Во Србија пронајдени околу 4.780 мигранти кои се криеле во пограничните области


Во акцијата за сузбивање на нерегуларната миграција, која се спроведува во Србија од 27 октомври по наредба на министерот за внатрешни работи, припадниците на МВР пронајдоа околу 4.780 нелегални мигранти кои се криеле во граничните зони во областа Сомбор, Суботица, Кикинда и Пирот. Во соработка со Комесаријатот за бегалци и миграции, досега во прифатните центри …

Во Србија пронајдени околу 4.780 мигранти кои се криеле во пограничните области Read More »

Во Чачак маж се разнесе со бомба на железничка станица


Во утринските часови на железничката станица во Чачак маж се разнесе со бомба. Тој починал на лице место. Според неофицијални информации, мажот седел на клупа по што активирал експлозивна направа и се разнел. На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид. Нема други повредени лица.

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во …

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти Read More »

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово


Лидерите на Франција, Германија и Италија синоќа ја повикаа Србија „де факто“ да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година, но што Белград сè уште го смета за своја покраина. Во изјавата објавена еден ден по разговорите со двете страни, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони …

Лидерите на Франција, Германија и Италија ја повикаа Србија неофицијално да го признае Косово Read More »

Србија од 2024 година ќе наплаќа патарини на магистралните патишта за камиони над 7,5 тони


 Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека идната година, 2024, во Србија ќе почнат да се наплатуваат патарини на државните патишта од прва Б класа (магистрални патишта) за камиони со тежина над 7,5 тони, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе вршиме наплата на фреквентни патишта само за тешки товарни возила …

Србија од 2024 година ќе наплаќа патарини на магистралните патишта за камиони над 7,5 тони Read More »

Србија потпиша три договори со Кина за изградба на нови патишта и купување брзи возови


Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска во Пекинг потпиша три комерцијални договори со кинески компании за изградба на речиси 300 километри нови патишта во Србија и купување пет кинески брзи возови, чија вкупна вредност е близу четири милијарди евра. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека првиот договор се …

Србија потпиша три договори со Кина за изградба на нови патишта и купување брзи возови Read More »

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна!


Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, во разговор за германските медиуми предупреди на можноста од нова војна на Балканот. „Доколку меѓународната заедница продолжи да ги толерира акциите на Србија, ќе има нова војна“, изјави Доника Гервала-Шварц во интервју за јавниот сервис Deutschlandfunk и побара од меѓународната заедница да преземе мерки против Србија. „Вучиќ …

Косовска министерка бара ЕУ да воведе санкции за Србија: Ако не – може да избие војна! Read More »

Србија оди на избори на 17 декември


  Сосем веројатно дека во Србија ќе се одржат паерламентарни, покраински и избори во Белград на 17 декември. Премиерката Ана Брнабиќ на седницата на Владата одржана вчера побарала од министрите и државните секретари до средината на октомври да се донесат сите уредби и прописи кои се во процедура, бидејќи парламентарните избори ќе се одржат на …

Србија оди на избори на 17 декември Read More »

Струјата во Србија од 1 ноември поскапува за 8 отсто


Советот на Агенцијата за енергетика на Србија го одобри поскапувањето на струјата од 1 ноември за осум отсто, се наведува на веб-страницата на агенцијата. Киловат час струја за домаќинствата и малите корисници ќе биде 10,26 динари, а со данок на додадена вредност (ДДВ) и такси 14,29 динари. Струјата претходно поскапе на 1 мај годинава, исто …

Струјата во Србија од 1 ноември поскапува за 8 отсто Read More »

Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација


 Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија. -Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД. Нагласил …

Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација Read More »

Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили


Во Србија е уапсена поголема група педофили, сексуални предатори кои злоупотребувале интернет и вршеле криминални дејствија врз девојчиња и момчиња, јавија белградските медиуми. Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години. Акцијата ја спроведоа припадници на МВР, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи


 Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград. – Се одредува задолжително тестирање на Ковид на …

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи Read More »

Србија воведува задолжително носење маски во сите здравствени установи


Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид вчера донесе препораки за справување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи. Една од одлуките е задолжително носење заштитни маски во сите здравствени установи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија. Задолжително тестирање за Ковид е наредено и …

Србија воведува задолжително носење маски во сите здравствени установи Read More »

Борел: Србија повторно неусогласена со мерките на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол


Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која се нема усогласено со новата надворешнополитичка одлука на Советот на ЕУ, која се однесува на рестриктивни мерки поради нелегалната руска анексија на Крим и Севастопол, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика …

Борел: Србија повторно неусогласена со мерките на ЕУ поради нелегалната анексија на Крим и Севастопол Read More »

Во Србија за силувачите доживотен затвор со измените на Кривичниот законик


Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ …

Во Србија за силувачите доживотен затвор со измените на Кривичниот законик Read More »

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Србија


Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со Ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од тој вирус. Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ од лабораторијата „Ватрено око“ нагласи дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања …

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Србија Read More »

Внимавајте како возите низ Србија: За овие 18 прекршоци може да ви биде одземено возилото


 Од денеска на српските патишта можно е возачите да останат без своите автомобили, бидејќи стапи на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот, според кој 18 прекршоци можат да бидат причина надлежните на несовесните учесници во сообраќајот да им го одземат автомобилот, јави дописникот на МИА од Белград. Со новиот Закон, регулирана е и областа …

Внимавајте како возите низ Србија: За овие 18 прекршоци може да ви биде одземено возилото Read More »

Во Србија за седум дена од Ковид се заразени 1.529 лица


Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs. Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета. Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството …

Во Србија за седум дена од Ковид се заразени 1.529 лица Read More »

Русите основаа речиси 7.000 компании во Србија


Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа „неверојатна“ бројка, прашање е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија, со чија помош потоа ќе можат безбедни визи за …

Русите основаа речиси 7.000 компании во Србија Read More »