Струјата во Србија од 1 ноември поскапува за 8 отсто


Советот на Агенцијата за енергетика на Србија го одобри поскапувањето на струјата од 1 ноември за осум отсто, се наведува на веб-страницата на агенцијата.

Киловат час струја за домаќинствата и малите корисници ќе биде 10,26 динари, а со данок на додадена вредност (ДДВ) и такси 14,29 динари.

Струјата претходно поскапе на 1 мај годинава, исто така за осум отсто.