Во Чачак маж се разнесе со бомба на железничка станица


Во утринските часови на железничката станица во Чачак маж се разнесе со бомба. Тој починал на лице место.

Според неофицијални информации, мажот седел на клупа по што активирал експлозивна направа и се разнел.

На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид. Нема други повредени лица.