Заев очекува 903.000 граѓани „за“ договорот со Грција


Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“. Премиерот е уверен …

Заев очекува 903.000 граѓани „за“ договорот со Грција Read More »

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер


Сметам дека Договорот од Преспа и добар и фер договор, пишува професорката на Катедрата за меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот факултет Пандио и поранешна европратеничка од ПАСОК, Марилена Копа, во нејзината колумна за весникот „Ефимерида тон сидактон“. – Договорот става крај на 26-годишниот спор и ниту една страна не е поразена или понижена.  …

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер Read More »

Њама да има нов договор


Поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили, кој сега ја извршува функцијата претседател на Бугарија, Румен Георгиев Радев, никако да разбере дека одамна на себе ја нема маскирната воена униформа, туку елегантниот темен дипломатски костум. Наредната недела ќе прослави година и половина откако е татко на нацијата и чудно е како досега не сфати оти времето …

Њама да има нов договор Read More »

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името


Владеачката СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името со Грција, одговарајќи на обвинувањата дека со него се брише македонскиот идентитет. „Во Член 1 од договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е ‘македонско’, а официјален јазик е ‘македонски јазик’. Во договорот е појаснето значењето на терминот …

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името Read More »

Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот?


Не само договорот за името, кој очекувано наиде на поделени реакции кај етничките Македонци, туку и аферите поврзани со членови на извршната власт кои неочекувано почнаа да испливуваат на површина, според политичките набљудувачи, се некои од клучните причини за благиот пад на рејтингот на СДСМ, како главна владејачка партија, наспроти повоочливиот   пораст кај ВМРО-ДПМНЕ. Иако …

Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот? Read More »

За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември


Референдумот за договорот со Грција околу името ќе биде распишан во понеделник. Првичната идеја тој да биде закажан утре, пропадна поради обврски на членови на парламентарното мнозинство, како и за да се остави простор за договор меѓу политичките субјекти во земјава. Сепак, според нашите информации, во моментов нема иницијатива за нова лидерска средба, иако тимовите …

За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември Read More »

Референдумски талир


Александра М. Митевска Владата во Шпанија падна на почетокот од ова лето. По повеќе од шест години владеење, парламентот во Мадрид му изгласа недоверба на премиерот Мариaно Рахој поради корупциските скандали што ја потресоа неговата Народна партија. За помалку од десет дена, откако на повеќемина поранешни високи функционери на Народната партија им беа изречени драконски …

Референдумски талир Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември


ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во спроведување на референдумот за името преку претседател и уште еден член во новиот состав на Државната изборна комисија, што се избираше синоќа во парламентот, по неколкунеделна блокада, а откако партиите ги усогласија конечно ставовите околу законите што ги бараше опозицијата. Но, и натаму е неизвесно како најголемата опозициска партија ќе се …

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември Read More »

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива


Референдумот за договорот со Грција се очекува да биде распишан в сабота, откако синоќа работните групи на партиите постигнале согласност околу законите што беа договорени во првиот дел од понеделничката лидерска средба. Според информациите, во собраниската архива се веќе доставени три закони што не е исклучено да бидат донесени уште вечерва или најдоцна до сабота, …

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива Read More »

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на …

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози Read More »

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии. Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори …

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот Read More »

Парламентот на штрек за договорот од Клубот на пратеници


Не е исклучено уште вечерва парламентот да се собере на нова седница за да ги донесе законите што произлегуваат од договорот што предмалку го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии во Клубот на пратеници. Според информациите, наскоро координаторите на пратеничките групи, кои се во постојана комуникација со лидерите на нивните партии, треба да се соберат на …

Парламентот на штрек за договорот од Клубот на пратеници Read More »

Џафери: ДИК секако ќе се формира, Договорот со Грција во Службен весник пред распишување на референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата …

Џафери: ДИК секако ќе се формира, Договорот со Грција во Службен весник пред распишување на референдумот Read More »

Мицотакис: Референдумот ќе успее


Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо. Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван …

Мицотакис: Референдумот ќе успее Read More »

Писмо во „Гардијан“: Интелектуалци од Европа и од САД бараат да се спроведе Договорот од Преспа


Во отворено писмо до јавноста, објавено во британскиот весник „Гардијан“, повеќе од 40 интелектуалци од Европа и САД бараат историскиот договор меѓу Македонија и Грција со кој се решаваат разликите околу името, да биде спроведен. Во писмото потпишано од универзитетски професори од Лондон, калифорниски Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, членови на Европскиот парламент, истакнати филозофи …

Писмо во „Гардијан“: Интелектуалци од Европа и од САД бараат да се спроведе Договорот од Преспа Read More »

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите


Посакувам, некои да не користат едно прашање од надворешната политика за внатрешно политичка употреба. Бидејќи гледам дека постои обид за поврзување на случајот со руските дипломати, со според нашето мислење, оправданите реакции што постојат кај мнозинството од грчкото општество за прашањата од Договорот од Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на прес конференција …

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите Read More »

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО. На денешната прес конференција Столтенберг изјави: -Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе …

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО Read More »

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа


Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит. Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа.  Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека …

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа Read More »

Висат и изборот на ДИК и референдумот


Нема засега навестувања за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК што треба да го спроведе престојниот референдум за името. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ни изјави дека додека не добие сигнал од партиите дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК нема да закаже седница за селектирање …

Висат и изборот на ДИК и референдумот Read More »

Мицкоски: Ќе видиме дали сме за референдум, зависи како ќе се одвиваат процесите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма не сакаше директно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи референдумот за името. „Кога беше објавено дека е постигнат договор со Грција, да јас реков дека ако тој договорот се стави на референдум јас ќе гласам против. Но, оттогаш се променија многу работи. Прво …

Мицкоски: Ќе видиме дали сме за референдум, зависи како ќе се одвиваат процесите Read More »