Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии.

Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори и именувања која треба да ги селектира кандидатите за нови членови на ДИК.  Законските измени ќе одат по скратена постапка, што значи дека прво собранискиот пленум ќе ја утврди потребата за нивно донесување, по што ќе заседваат и матичните комисии. На крајот двата закони, што беа договорени во првиот дел од денешната лидерска средба, треба да бидат донесени на пленарна седница. Сето тоа треба да се реализира во текот на ноќта, иако лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Беса заминаа од Клубот на пратеници со оценка дека не е постигнат договор околу деталите за референдумот, односно дека не може ад се постигне согласност со опозицијата околу референдумското прашање.