Мицкоски: Ќе видиме дали сме за референдум, зависи како ќе се одвиваат процесите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма не сакаше директно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи референдумот за името.

„Кога беше објавено дека е постигнат договор со Грција, да јас реков дека ако тој договорот се стави на референдум јас ќе гласам против. Но, оттогаш се променија многу работи. Прво не знаеме ниту дали сигурно ќе има референдум. Не знам како Заев го планира референдумот, кога за тоа треба да имаме формирано Државна изборна комисија. Ќе видиме како ќе се развива процесот, да почекаме, па ќе ги влечеме нашите потези и ќе ги информираме граѓаните. Ако очекувате од мене да предвидам како натаму ќе се однесува премиерот Заев, тоа од неговото досегашно однесување едноставно е неможно, ако се следат сите негови изјави во последно време. Може да се очекува нешто што сега и не може да се предвиди“, рече Мицкоски.