Изгласаната одлука во македонскиот парламент ја поздравија Бушати, Ручи и Баша


Министерот за Европа и за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати го поздрави изгласувањето на одлуката на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот, со изреката на Нелсон Мандела: „Се чини неможно се додека не се постигне“. Според Бушати, гласањето претставува голем чекор кон спроведување на Договорот од Преспа. – Мандела вели „Се чини …

Изгласаната одлука во македонскиот парламент ја поздравија Бушати, Ручи и Баша Read More »

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа


Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна …

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа Read More »

Главниот архитект остави други да го доѕидаат договорот


Изненадувачката оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас нема да влијае врз преспанскиот договор, уверува политичкиот врв од двете земји. Неговата улога до завршувањето на процесот ќе ја презеде премиерот Алексис Ципрас. Од друга страна, самата смена во грчкиот политички врв предизвика лавини реакции во тамошната јавност, која не го крие изненадувањето што …

Главниот архитект остави други да го доѕидаат договорот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција


ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција кога ќе дојде на власт. Уверени се дека и наредната влада во Атина ќе биде подготвена одново да преговара со цел договорот да биде прифатен од сите граѓани во двете држави, со што и регионот би впловил во стабилни води. Ова се пораките што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар …

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција Read More »

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот


Пратеникот од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ го промени ставот и ќе гласа за уставните измени во Собранието. Тој денеска од собраниската седница порача дека изминатиов период многу работи што не му биле јасни во договорот – му се разјасниле, останува на своето приватно уверување оти не требало воопшто да се преговара за името на државата, …

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот Read More »

Павлопулос: Прво да го сменат Уставот, па влез во НАТО


Само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ, рече грчкиот претстедател Прокопис Павлопулос на денешната средба со неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмаер. Како што јави …

Павлопулос: Прво да го сменат Уставот, па влез во НАТО Read More »

Интервју со Димитриoс Пападимоулис: Му предложив на Мицкоски да постигне подобар договор


Димитриoс Пападимоулис е потпретседател на Европскиот парламент од редовите на СИРИЗА. Како член на Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ деновиве тој престојува во Македонија. Уверен е дека договорот од Преспа ќе помине во Грција и дека е типичен пример за силно и храбро лидерство на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ја следите ли состојбата …

Интервју со Димитриoс Пападимоулис: Му предложив на Мицкоски да постигне подобар договор Read More »

Уставните измени ќе стартуваат од октомври


Веднаш по завршувањето на референдумот, ќе почне подготовката на уставните измени согласно договорот со Грција, најавуваат извори од владејачкиот табор. Оттаму посочуваат дека процесот на измена на Уставот е долг и сложен и дека ќе бидат потребни минимум три месеци за да се дојде до последната фаза – прогласување на донесените амандмани. Целта е, како …

Уставните измени ќе стартуваат од октомври Read More »

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент


Убеденост дека во грчкиот Парламент постојат политички сили за да биде ратификуван договорот од Преспа, и покрај ставот на коалицискиот партнер Панос Каменос, изрази портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз 247”. – Позицијата на Каменос во однос на договорот е позната, тоа не се работи …

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент Read More »

Бранко Наумовски ќе гласа „за“ договорот


Поранешниот претседател на Уставниот суд и Прв народен правобранител, Бранко Наумоски ќе гласа на престојниот референдум и тоа „за“ договорот со Грција. Во писмо до јавноста, тој вели дека следејќи ги дебатите, обраќањата и изјавите во медиумите на некои професори, политичари, аналитичари, стручњаци и други, не можел да се воздржи, а јавно да не проговори …

Бранко Наумовски ќе гласа „за“ договорот Read More »

Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија


Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун и истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет. Како што јави дописничката на …

Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија Read More »

Вучиќ: Нема договор со Приштина, без сеопфатен пакет за Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека не е можно Белград да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, осврнувајќи се на медиумските тврдења дека барал гаранции за членството на Србија во ЕУ во 2025 година, доколку потпише договор со Приштина, Вучиќ нагласи дека тоа …

Вучиќ: Нема договор со Приштина, без сеопфатен пакет за Србија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Владо Поповски


Од рано наутро траеја вчера состаноците во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на денот кога се очекуваше да биде донесена конечната одлука – за референдумот секој да мисли со своја глава. Најпрво заседаваше потесното раководство, потоа во 16.30 часот беше закажана седница на извршниот комитет, а во 19 часот и на централниот. До последен момент се разменуваа …

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Владо Поповски Read More »

Поповски: Не можеше да има подобар договор


Договорот од Преспа е оптимално решение што Македонија можеше да го постигне за решение на спорот за името, смета академикот Владо Камбовски. Тој денеска, заедно со универзитетските професори Владо Поповски и Нано Ружин, одржа средба со новинарите посветена токму на овој договор. На иста линија со Камбовски е и Поповски кој вели дека „не можеше …

Поповски: Не можеше да има подобар договор Read More »

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот


Солун –– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие. Имаме пред нас многу важен и од историско значење договор, кој ако се ратификува на референдумот во соседната земја и ако се заврши уставната реформа ќе донесе единствена можност за земјата, рече грчкиот премиер …

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот Read More »

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот


Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за радиото „Реал фм“. Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка …

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот Read More »

Нимиц: Ризик е да се чека нов договор за името


– Поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине, вели посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН во однос на оспорувањето на постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот, според него, е многу ризична. …

Нимиц: Ризик е да се чека нов договор за името Read More »

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името


Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. – Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со …

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името Read More »

Ахмети ќе чека да се спроведе договорот, па ќе решава дали да се повлече


  Централниот одбор на Демократската унија за интеграција на вчерашната седница, што се одржала во Скопје, едногласно донел одлука за пролонгирање на петиот конгрес, соопштија од партијата. Членовите на ЦО на ДУИ  оцениле дека сите свои капацитети оваа година партијата ги посветила на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, преспанскиот договор, добивањето …

Ахмети ќе чека да се спроведе договорот, па ќе решава дали да се повлече Read More »

Каменос: Грчкиот народ ќе го има последниот збор


Атина – Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Панос Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена. Според соопштението од грчкото Министерство за одбрана, …

Каменос: Грчкиот народ ќе го има последниот збор Read More »